Петар Соколов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Соколов
Петар Соколов.jpg
Роден 1870
Ќустендил, Отоманска Македонија
Починал 1901
Фикел, Бугарија

Петар Соколов бил анархист и револуционер од Отоманска Македонија, член на Македонскиот таен револуционерен комитет, еден од инспираторите на Гемиџиите и деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Соколов е роден во 1870 година во Ќустендил, тогаш во Османлиската империja. Учи во Софија и потоа заминал за Женева да учи и влегува во анархистичката Женевска група.

Женевската група во 1898 година стапнува во контакт со луѓе на Внатрешната организација и Врховниот комитет. Следната година со Слави Мерџанов и Петар Манџуков заминуваат со четата на Гоце Делчев во Македонија, а после во Софија потпаѓаат под влијание на Борис Сарафов, кој ги финансира.

Веднаш по снабдувањето со пари, кружокот испраќа неколку свои членови во Македонија. За таа цел Слави Мерџанов и Петар Манџуков се вовлекуваат во Македонија, а Соколов се вовлекува во Одринско.

Кон крајот на 1899 година групата на Мерџанов замислува амбициозни планови: убиство на султанот и атентати на „Отоманската банка“ и Тутунската компанија во Цариград.

Мерџанов, Соколов и Манџуков, со претходно тајно одобрените парични средства од Сарафов, заминуваат за Цариград. Обеќаното количество на динамит од Сарафов пристигнува на време во Цариград, но при неговото пренесување во градот било откриено од полицијата.

На 14 септември во Цариград, издадени од еден шпион, се уапсени Мерџанов, Соколов, Манџуков и Павел Шатев. По застапувањето на бугарската влада, турската полиција ги ослободува Соколов Мерџанов и Манџуков со препратување во Бугарија, а Шатев го интернира во неговиот роден град Кратово.

Во 1901 година со свои другари Бугари и Ерменци Соколов прави обид за киднапирање на персискиот шах. Обидот не е успешен. Наскоро потоа Соколов е убиен во битка со турската војска кај Одрин.[1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 102.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]