Прејди на содржината

Одрински Вилает

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Одринско)
Карта на Одринскиот Вилает. Источна Тракија е денешна европска Турција, и мали делови од Грција и Јужна Бугарија.
Етнографска карта на Одринскиот Вилает во 1912 година според Љубомир Милетиќ. Текстот на картата е на бугарски јазик.

Одрински Вилает (традиц. нарекуван и Одринско) — еден од европските вилаети во Отоманското Царство чиј центар на таа територија бил градот Одрин (Едрене). Оваа територија се протегала од Црното Море до реката Места и од тогашната бугарско-турска граница до Мраморно и Егејското Море, но без Истанбул.[1]

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Името потекнува од градот Одрин. Вилаетот понекогаш се нарекува и со кратенката Одрински, но и со географското име Источна Тракија.

Население

[уреди | уреди извор]

Вилаетот бил населен претежно од турско, грчко и бугарско население.[2] Според Љубомир Милетиќ Одринскиот вилает, без Истанбулскиот вилает, во 1912 година имал околу 1,000,000 луѓе. Најмногубројно било турското население со околу 400 илјади жители, а Бугарите, Грците и другите националности биле околу 600 илјади луѓе, од кои 300 илјади зборувале на бугарски, а 200 илјади зборувале на грчки јазик.[3] Од тие што зборувале бугарски, околу 176,000 биле припадници на Егзархијата,[4] 96,000 Помаци,[5] 25,000 припадници на Патријаршијата и 1,700 Униjати.[6] По Балканските војни, христијанското население од Одринско било прогонето од страна на турските власти[7], и денес регионот е претежно населен со турско население.

Отомански статистички податоци за Одринскиот вилает и Истанбулскиот вилает од 1910[8]
санџак Турци Грци Бугари други вкупно
Одрин128,000113,50031,50014,700287,700
Кирк Килисе53,00077,00028,5001,150159,650
Родосто63,30036,0003,00021,800144,300
Такирдаг63,50056,0003,00021,800144,300
Галиполе31,50070,5002,0003,200107,200
Дедеагач45,30029,00017,00065091,630
Комотини185,00022,00023,5002,200234,700
Чаталџа18,00048,500-2,34068,840
Истанбул450,000260,0006,000130,000846,000
вкупно
%
974,500
676,600
113,500
176,040
1,940,040
Статистички податоци на Патријаршијата од 1912
вкупно
%
836,500
726,00
114,000
340,700
2,017,800
  1. Българите в най-източната част на Балканския полуостров - Източна Тракия, Димитър Войников.
  2. Спомени на Михаил Герџиков - “Култура“, Скопје
  3. "Разорението на тракийските българи презъ 1913 година", Българска академия на науките, София, Държавна печатница, 1918 г.; II фототипно издание, Културно-просветен клуб "Тракия" - София, 1989 г., София, стр. 7-9.
  4. Тука влегуваат и околу 10,000 Егзархисти од Истанбулскиот вилает.
  5. Според други тие се околу 130,000 души; Ст. Шишков "Помаците в трите български области Тракия, Македония и Мизия, Пловдив 1914, стр. 15.
  6. "Разорението на тракийските българи... стр. 287-300.
  7. Извештај на Карнегиевата балканска комиција (1912-1913) - “Култура“, Скопје
  8. Pentzopoulos, Dimitri (2002). The Balkan exchange of minorities and its impact on Greece. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 31–32. ISBN 9781850657026.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]