Прејди на содржината

Сириски Вилает

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сириски Вилает
ولايت سوريه (на отомански турски)
Vilâyet-i Sûriye
ولاية سوريا (на арапски)
Вилает на Отоманската Империја

 

 

1865–1918

Знаме на Сириски Вилает

Знаме

Местоположба на Сириски Вилает
Местоположба на Сириски Вилает
Карта на Сирија од 1896 година, од Витал Кине, покажувајќи ја го Сирискиот Вилает поделен на Хамски, Дамаски, Хаурански и Карачки Санџак
Главен град Дамаск
Историја
 -  Основана 1865
 -  Укината 1918
Население
 -  1897[1] 701,812 жит.
Денес во Сирија
Јордан

Сириски Вилает[2] (арап. ولاية سوريا; османски турски: ولايت سوريه),[3] познат и како Дамаски Вилает,[4]вилает (административна единица) од прво ниво во Отоманската Империја.

На почетокот на 20 век, наводно имал површина од 62,180 км2, додека прелиминарните резултати од првиот османлиски попис од 1885 година (објавен во 1908 година) прикажал дека населението е 1.000.000 жители.[5] Точноста на бројките на населението се движи од „приближна“ до „само претпоставена“ во зависност од регионот од кој се собрани.[5]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1864 година беше објавен Законот за вилаети.[6] Новиот покраински закон бил спроведен во Дамаск во 1865 година, а преобликуваната покраина била именувана Сирија (Сурија/Сурије), што ја одразува растечката историска свест кај месните интелектуалци.[6] Ерусалим бил одделен од останатиот дел од покраината и бил направен во независниот Ерусалимски Санџак кој известувал директно до Константинопол, наместо во Дамаск. На сличен начин, Мутасарифството Планина Либан била направена во самоуправно мутасарифство во 1864 година.[6]

Во 1872 година, бил создаден нов административен регион, со средиште во Маан, но трошоците за новата административна единица многу ги надминале приходите, и таа била прекината следната година.[7] Во 1884 година, управникот на Дамаск дал предлог за создавање нов вилает во јужна Сирија, иако ништо не произлегло од тоа.[7]

Во 1888 година, од Сирискиот Вилает бил создаден Бејрутскиот Вилает.[6][8] Во мај 1892 година, бил даден уште еден предлог за регионална влада со средиште во Маан, кој бил одобрен во август.[7] Во средината на 1895 година, средиштето на ова мутасарифство било преместен во Карак (Карачко Мутасарифство), означувајќи го најјужниот дел од отоманското владеење во Сирискиот Вилает.[7]

Од 1897 година, Сирискиот Вилает бил поделен на четири санџаци: Дамаски, Хамски, Хаурански и Карачки Санџак. Главниот град на Вилаетот бил Дамаск.[9]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Mutlu, Servet. „Late Ottoman population and its ethnic distribution“ (PDF). стр. 29–31. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-18. Посетено на 2023-08-17. Corrected population for Mortality Level=8.
  2. Public Domain Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)
  3. Salname-yi Vilâyet-i Suriye ("Yearbook of the Vilayet of Syria"), Syria vilâyet matbaası, Suriye [Syria], 1300 [1882]. in the website of Hathi Trust Digital Library.
  4. Geographical Dictionary of the World in the early 20th Century.
  5. 5,0 5,1 Asia by A. H. Keane, стр. 460
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 The Arabs of the Ottoman Empire, 1516–1918: A Social and Cultural History, стр. 177, 181-182.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Rogan, Eugene L. (11 април 2002). Frontiers of the State in the Late Ottoman Empire: Transjordan, 1850–1921. Cambridge University Press. стр. 52–55. ISBN 978-0-521-89223-0. Посетено на 17 август 2023.
  8. Fawaz, Leila Tarazi (January 1994). An Occasion for War: Civil Conflict in Lebanon and Damascus in 1860. ISBN 9780520200869.
  9. First Encyclopaedia of Islam: 1913–1936, Volume II, стр. 909.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

33°30′47″N 36°17′31″E / 33.5130° СГШ; 36.2920° ИГД / 33.5130; 36.2920