Константинополски Вилает

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Константиније / Истанбул
Константинопол на Османлиската Империја

1878–1922
Местоположба на Константинопол
Историја
 -  Основана 1878
 -  Укината 1922
Население
 -  Муслимани, 1914[1] 560,434 жит.
 -  Грци (Гркогласни), 1914[1] 205,752 
 -  Ерменци, 1914[1] 82,880 
 -  Евреи, 1914[1] 52,126 
Денес во  Турција

Константинополскиот Вилает[2] или Истанбулски Вилает (турски: Vilâyet-i İstanbul, француски: Vilayet de Constantinople) ― административна единица (вилает) од прво ниво на Отоманската Империја, опфаќајќи ја императорската престолнина Константинопол (Истанбул).

Имал посебна организација, бидејќи бил под непосредна надлежност на министерот за полиција (Забтије назири; заптија), кој исполнувал улога еднаква на валијата во другите вилаети.[3]

Вилаетот го вклучувал Константинопол (Стамбол; внатрешниот град, на турски јазик познат како Истанбул) и квартовите Ејуп, Касим Пача, Пера и Галата и сите предградија од Силиври на Мраморното Море до Црното Море на европската страна и од Гили на Црното Море до крајот на Измитскиот Залив од азиска страна.[3]

Во 1878 година, била создадена покраинска структура, со валија и покраински службеници за извршување на истите функции во Константинопол што покраинските власти ги извршувале на друго место во Империјата.[4]

Административни единици[уреди | уреди извор]

Санџаци и кази, околу 1877 година:[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „1914 Census Statistics“ (PDF). Turkish General Staff. стр. 605–606. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 октомври 2011. Посетено на 17 јуни 2021.
  2. Geographical Dictionary of the World. Concept Publishing Company. стр. 1796. ISBN 978-81-7268-012-1. Посетено на 20 May 2013.
  3. 3,0 3,1 3,2 Baker, James (1877). Turkey in Europe. Cassell, Petter & Galpin. стр. 515–516.
  4. Stanford Jay Shaw; Ezel Kural Shaw (1977). History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Cambridge University Press. стр. 94. ISBN 978-0-521-29166-8. Посетено на 17 јуни 2021.