Босански вилает

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Босански вилает
вилает на Отоманското Царство

1867–1878/1908

Знаме на Босански вилает

Знаме

Местоположба на Босански вилает
Босанскиот вилает во 1880-тите
Главен град Сараево
Историја
 -  Основана 1867
 -  Австроунгарска окупација 1878
 -  Припојување кон Австроунгарија 1908
Површина
 -  1871 46.000 км2
Население
 -  1871 1.232.000 жит.
Густина 26,8 жит/км2
Денес во  Босна и Херцеговина
Извори за населението;[1] површина[2]
Босанскиот вилает на турски атлас од 1907 г.

Босански вилает — првостепена управна единица (вилает) на Отоманското Царство, претежно на територијата на денешна Босна и Херцеговина. Се граничел со Косовскиот вилает на југ. Пред управната реформа од 1867 г., единицата се нарекувала Босански пашалак. Во подоцнежниот дел на XIX век вилаетот зафаќал површина од 46.000 км2.[2]

Вилаетот на дело престанал да постои со австроунгарската окупација на БиХ во 1878 г., но формално траел сè до 1908 г. иако бил под управа на австроунгарска управа. Таа година Австроунгарија официјално го припоила како своја територија.

Управни единици[уреди | уреди извор]

Босанскиот вилает се состоел од следниве санџаци:[3]

  1. Босански санџак
  2. Зворнички санџак
  3. Херцеговски санџак
  4. Травнички санџак
  5. Бихаќски санџак

Валии[уреди | уреди извор]

Со вилаетот управувале следниве валии:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Palairet, Michael R. „The Balkan Economies c.1800-1914: Evolution without Development“.
  2. 2,0 2,1 Европа од Елизе Рекли , стр. 152
  3. Bosna Vilayeti | Tarih ve Medeniyet

Литература[уреди | уреди извор]

  • Markus Koller and Kemal H. Karpat, Ottoman Bosnia: A History in Peril, University of Wisconsin Press (2004) ISBN 0-299-20714-5
  • Matija Mazuranic, A Glance into Ottoman Bosnia, Saqi Books (2007)