Помаци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Помаци - етнички Бугари со исламска вероисповест, чии мајчин јазик е бугарски, односно нашински говор кој е сличен со говорот на Горанците и Торбешите. Помаците во текот на Отоманската Империја се преобратиле во ислам. Денес ги сметаат за верска група на Бугари, која претежно живее во Југозападна Бугарија, како и во Североисточна Грција и европскиот дел на Турција.

Етимолошкото значење на зборот „помак“ најверојатно доаѓа од словенскиот збор помагачи /pɔmagatʃi/. Овој назив најверојатно потекнува од времето на Отоманците, каде Помаците биле означени како колаборативна група.

Во 20 век Помаците доживеале повеќе етапи на асимилација и бугаризација од страна на бугарската државна управа. Од 1905 година во Бугарија се користи називот Помаци. Во текот на Балканските војни (1912 и 1913) голем дел од Помаците се принудени да се преобратат во христијани, со што дел после Букурешкиот договор во 1913 бил поништен. Помеѓу 1938 и 1944 година се принудувани да прифатат бугарски имиња, што се повторувало и во 1950-тите и 1970-тите години.

Бугарската статистика не ги прикажува посебно. Мнозинството Помаци на пописот во Бугарија се идентификуваат како Бугари со исламска вероисповест. На пописот 2001 година 130.000 жители се изјасниле како такви, со што во Смолјанската област биле мнозинство.

Види уште[уреди | уреди извор]