Јордан Тренков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јордан Тренков
Роден 8 септември 1880
Прилеп, Македонија
Починал 6 декември 1960
Русе, Бугарија

Јордан Тренков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Бугарското тајно револуционерно братство и Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е 1880 година во градот Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. Во 1898 година завршува Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и во периодот меѓу 1899-1903 година учителствал во родниот град. Влегол во Бугарското тајно револуционерно братство, а по неговот растурање станал член на Македонската револуционерна организација и предводел еден од двата табора помеѓу прилепското дејци на организацијата, другиот бил предводен од Петар Ацев [1].

Во 1903 година бил делегат на Смилевскиот конгрес, и бил определен за член на прилепското горско началство [2][3]. Во јуни 1903 година е уапсен од властите, но успеал да избега од затворот и да учествува во Илинденското востание. По задушување на востанието е меѓу ретките раководни дејци, кои останале во Македонија [4] и е илегален началник на околискиот комитет на Организацијата во Прилеп до крајот на 1904 година. Бил делегат на Прилепскиот конгрес во мај-јуни 1904 година, кој му ја доделува задача да води борбата со Српското четничко движење во Азот. На конгресот го поддржува децентрализаторското реформистички крило на Пере Тошев и Ѓорче Петров, додека Петар Ацев го поддржува централистичкото околу Даме Груев [5].

Во 1905 - 1906 година е секретар во четата на поручникот Љубомир Стоенчев во Петричко [6]. При избувнување на Првата балканска војна во 1912 година Тренков е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во 4 чета на 6 Охридска дружина [7].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 70-71.
  2. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 239.
  3. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 320.
  4. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 15.
  5. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 65, 69, 71.
  6. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 171.
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 149.