Прејди на содржината

Јанаки Паскалев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јанаки Паскалев
Роден 15 април 1865
Рупишта, Битолски Вилает, Османлиска Империја
Починал 16 декември 1933(1933-12-16) (возр. 68)
Скеча, Грчка Република

Јанаки Паскалев-Наки ― македонски револуционер, учесник во македонското и одринското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Паскалев е родев во Рупишта, Костурско, во Османлиското Царство (денес Аргос Орестико, Грција). Во текот на 1877 година неговото семејството се преселило во градот Скеча, Западна Тракија. Уште како млад зема учество во црковните борби против Цариградската грчката патријаршија. Станал член на Организацијата во 1899 година. Јанаки Паскалев е еден од основачите на Револуционерниот комитет во Скеча.[1] Во 1900 година, тој бил избран за претседател на Скечанскиот (Ксантиски) околиски револуционерен комитет. Во 1904 година, тој бил уапсен и фрлен во затвор. Умрел на 16 декември 1933 година во Скеча.[2]

  1. Караманджуков, Христо. „Западнотракийските българи в своето култорно-историческо минало с особен поглед към тяхното политико-революционно движение“, София, 1934, стр. 143, 160, 162 - 163.
  2. Биографични данни от сайта на ВМРО[мртва врска]