Геле Трсјански

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Геле Трсијански)
Прејди на: содржини, барај
Роден Трсје, денес Грција
Починал 25 март 1903
Арменско, денес Грција


Геле Апостолов Плачков, познат како Геле Трсијански или Гелев (грчки: Γκέλεφ или Γκέλε Βαγγέλης) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, војвода на Македонската револуционерна организацијамеѓутоа со засилувањето на грчката воружена пропаганда преминал на страната на грчката чета и почнал да ја раководи една од првите локални воружени грчки чети во Македонија, учествувајќи во Борбата за Македонија.

Биографиja[уреди | уреди извор]

Средбата меѓу Геле и Германос Каравангелис

Геле Трсијански е роден во леринското село Трсје, тогаш во Османлиската империја, денес Тривуно, Грција.

Станал учител во родното место [1], по засилувањето на македонското револуционерно ослободително движење станува член на Македонската револуционерна организација, а како близок со Васил Чекаларов и Коте Христов учествува во нивните преговори за помирување [2]. Од 1902 година станува реонски војвода на Македонската револуционерна организација.

По неговиот раздор со Васил Чекаларов, остварил средба со пионирот на грчката воружена пропаганда во Македонија, костурскиот патријаршиски митрополит Германос Каравангелис. За оваа средба самиот митрополитот истакнал:

Гелев знаеше малку грчки и така разговаравме на грчки. Тој беше од Трсје, село близу до Лерин, а бил бугарски учител порано. И така разговорот започна. Му кажав сѐ што му имав кажано на Коте. И додадов. „Вие работите за слободата на Македонија. Вашата цел е света. Дали е дозволено едно здружение со таква света цел да врши такви убиства?” Гелев молчеше. „Кажи ми” го прашувам „отидовте кај попот Илија. Тој ве прими?”. „Да”. „Ви даде леб?” „Да”. „Тој беше добар човек”. „Да”. „Тогаш зошто го убил тој злосторннк?”. „Да” ми вели „и јас се налутив поради тоа”. „Што ако си се налутил? Така, заради каприц да убие еден таков човек?” „Освен тоа” додадов „јас знам сѐ за Чакаларов. Двајца луѓе кои заедно излегуваат во планина, треба да бидат како браќа. Значи, твојата жена требаше да му биде света. Сето тоа, треба да знаеш ќе донесе големи зла. Од Бугарија” му велам на крај „не треба да очекуваш ништо. Само кога ќе ги видиш по врвовите на Македонија Грчињата и мене со пушка в рака, само тогаш да дигнеш револуција” [3].

Германос Каравангелис успеал да го придобие на страната на грчката кауза. Потпишал декларација до Елиномакедонскиот комитет, потпечатувајќи ја со својот војводски печат.

Во јули 1902 година, Геле десјтвувал со четата на Коте Христов, но бил уапсен на 13 јули 1903 година во Кономлади од чета на Македонската револуционерна организација. При претересот кај него било најдено поголемо количесто на пари, а бил прунудуван да го ликвидира Коте Христов за кого Македонската револуционерна организација донела смртна прсуда.

Меѓутоа Геле успеал да избега и се засолнил во четата на Коте, по што тие двајца имале неколку борби со четите на Организацијата [4].

Во 1903 година Геле почнал да го обиколува реонот на Арменско, гонејќи ги егзархистите и дејците на Македонската револуционерна организација. Тој бил убиеб во март 1903 година заедно со својата жена од страна на леринскиот војвода Петар Тинев, кој се преправал дека се одметнал од четата на Васил Чакаларов [5].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 30.
  2. Бурилкова, Ива, Билярски, Цочо, „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, ИК „Синева” София, 2001 г., стр. 73
  3. Каравангелис, Германос. „Македонската борба (мемоари)“, Култура, Скопје 2000
  4. Бурилкова, Ива, Билярски, Цочо, „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, ИК „Синева” София, 2001 г., стр. 104-106, 113-116
  5. Бурилкова, Ива, Билярски, Цочо, „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, ИК „Синева” София, 2001 г., стр. 212-213