Иван Радналијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Иван Радналијата (на грчки: Ιωάννης Ραδιναλής, Јоанис Радиналис) е македонски револуционер, деец на ВМОРО, подоцна преминал на страната на грчката вооружена пропаганда во Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој е роден во тиквешкото село Радња, тогаш во Османлиската империја, од родното село го добил прекарот Радналијата. Вклучува во четите на ВМОРО.

Подоцна Радналијата поминува на грчка страна. Под инструкциите на грчкиот конзул во Солун, Ламброс Коромилас во летото 1904 година застанува на чело на грчка чета која дејствува во областа меѓу Радња и Лумница и низ целиот Тиквешки регион. На 23 септември се бори со организациска чета во Раец, а на 30 септември во Копришница. Во почетокот на октомври во реонот се движи четата на Лука Иванов и активностите на Радналијата се ограничени.

Во 1905 година дејствува во Гевгелиско, заедно со четата на Јоргос Какулидис (капетан Михалис Драгас).

Во 1906 и 1907 година продолжува да дејствува во Тиквешијата, а во пролетта 1907 година стапува во контакт со Панделис Папајоану за да го засили грчките дејствија во Струмичко. Ги обиколувал струмичките села Колешино, Зубово и Мокриево, за да привлекува четници. На 26 август се предадени и опколени од турски сили, но четата на чело со Радналијата, Јоргос Болиотис од Богданци и Теодорос Сендерис се провлекла на Беласица. Во борбата на планините загинуваат Танас од Владиевци, Стоил од Вардаровци и капитен Папајоану [1]. Активностите на Радналијата продолжуваат до Младотурската револуција во 1908 година.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Κωνσταντίνος Αποστόλου Βακαλόπουλος, Ο ένοπλος αγώνας στη Μακεδονία 1904-1908, εκδόσεις Ηρόδοτος, Θεσσαλονίκη, 1999, σσ. 286 - 287