Сребра Апостолова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сребра Апостолова
Роден 8 ноември 1886
Лера, Битолско, Македонија
Починал 31 јануари 1942
Варна, Бугарија

Сребра Апостолова Ушлинова, со моминско име Сребра Димова Домазетова, била македонска револуционерка, терористка и четничка на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Лево: Сребра Апостолова, во средина: Сребра со своите деца во Варна, десно: Апостол Илиев Ушлинов, нејзиниот маж

Сребро Апостолова е родена во битолската село Лера, тогаш во Османлиското Царство, во семејството на Димо Ив. Домазетов и Петра Домазетова [1]. Во 1901 година е посветена во ВМОРО од Темелко Спасов.

Се омажила за Апостол Илиев Ушлинов и заедно со Донка Ушлинова го убиваат локалниот бег Џелеп Реџо Суљов. Потоа тројцата бегаат во шумата каде што се наоѓаат со четата на Ресенскиот војвода Славејко Арсов кој ги облекува во четничка униформа. По Илинденското востание тие се четници на Георги Сугарев. Христо Настев за неа истакнал:

Секогаш резервираna и скромна до наивност во односите, таа не им е непријатно од никакви незгоди и лишување на новата положба ... во неа проличаваше неограничено задоволство во пламнал и од одмазда срце, дека е укинат веќе оној од кого цели денови се трепери со мајка си, угрижени за утрешниот ден.

По востанието се преселува во Бугарија и се населува во Варна. Имаа четири деца и со семејството живее во сиромаштија [1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Илюстрация Илинден, Година 9, Книга 9, София, 1937, стр. 12-15.