Крсто Љондев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
KrsteLiondev.jpg
Роден Неокази, Леринско, Егејска Македонија
Починал 1926
Битола, Македонија


Крсто Љондев (роден во Неокази, Леринско - починал во 1926 во Битола) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и реонски лерински војвода на Македонската револуционерна организација[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Крсто Љондев бил роден во леринското село Неокази (Леринско)[1]. Тој се приклучил на МРО и бил првично назначен за лерински реонски војвода. Во 1903 година тој зел учество во Илинденското востание како војвода на Неокази. До востанието бил четник а од 1905 година станал војвода. Во 1906 година навлегол со неговата чета во Леринско, а дејствувал и во регионот на Сетина и Попадиско како помошник на Ѕоле Стојчев.

По Младотурската револуција од 1908 година тој станал близок соработник на Јане Сандански и Народната федеративна партија. Љондев зел учество во Балканската војна и во тој период бил уапсен од страна на Грците заедно со своите 42 четници.

Се приклучил кон македонското револуционерно движење и четникувал во Леринско. Тој бил учесник во Илинденското востание во 1903 година[1]. По Првата светска војна во периодот 1915-1918 година престојувал во Битола[1]. По убиството на уредникот на весникот „Јужна Србија“ - Спасое Хаџи Поповиќ од страна на ВМРО во 1926 година, бил затворен и убиен од српските власти[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Киселиновски, Стојан (2009) (на македонски). Дејци на ВМРО и КПЈ во Македонија. Скопје: Менора. стр. 99. ISBN 978-608-200027-5.