Прејди на содржината

Андон Брештенски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андон Брештенски
Роден ?
Брештени, Битолски Вилает, Османлиска Империја
Починал 22 февруари 1907
Жупаништа, Битолски Вилает, Османлиска Империја
Почивалиште Апоскеп

Андон (Доне, Доно) Брештенски — македонски револуционер, костурски реонски војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во костурското село Брештени, денес во егејскиот дел на Македонија. Добива основно образование. Влегол во ВМОРО и извршувал терористички задачи. Заедно со Вангел Поп Христов го убиле Ахмед-бег од костурското село Желегоже. Во 1907 година, тој бил назначен за војвода на областа Нестрамкол. Но на пат кон областа, тој загинал во Жупаништа, заедно со Митре Влаот, Вангел Поп Христов и Иљо В’мбелски. Погребан бил заедно со своите другари во Апоскеп, откако нивните тела биле изложени во Костур.

На 13 март 1907 година, околиската чета на ВМОРО влегла во Жупаништа и ги казнила со смрт предавниците Кољо Гечов, Ставро Шишов и Димитар Апостолов.[1]

  1. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 169 - 174.