Смртна казна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Смртна казна во светот (2005):

сино: Укинато за сите казни

зелено:Укинато, со исклучоци

портокалово: Укинато де факто

црвено: Неукинато

Смртната казна или погубување претставува правна санкција која ја добил осуденикот по судски пат како казна за извршениот прекршок. Кривичното дело може да резултираа со смртната казна, и истото е познато како капитално злосторство или капитално дело. Поимот капитал потекнува од латинскиот збор capitalis, кое буквално означува "во однос на главата" (латински caput). Во превод, оваа фраза би означувала: откинување (односно отсекување) на глава или слично.

Смртната казна е практикува речиси во секое општество, и на тој начин може да се смета како универзална, со исклучок верските водачи односно погубувања. Ова потекнува од пред сè различни земји и држави, и нивните позиции за погубувањ кои се разликуваат во однос на политичката идеологија или културниот регион на земјата. Во земјите членки на ЕУ, според член 2 на Повелбата за фундаменталните права на Европската унија, се забранува употребата на смртната казна.[1]

Денес, голем дел од државите ја имаат укинато смртната казна, според податоци на Амнести интернешнал,[2] а за истото се залага и ООН преку Мораториумот на ООН за укинување на смртната казна. Но, повеќе од 60% од светската популација живее во земји каде се применува смртната казна и најверојатно нема да биде укинета во најскоро време.[3][4][5][6][7][8][9][10][11]

Историја[уреди | уреди извор]

Извршувањето на криминални и политички погубувања се користело од страна на скоро сите општеста. Како една од основните причини била потиснување на осуденикот кон неговото политичко несогласување. Во поголемиот дел од случаите, смртната казна е проследена со убиство, шпионажа, предавство, или како дел од воена правда. Во некои земја смртната казна била и се употребува за сексуални злоупотреби, како што се силување, прељуба, инцест и слично. Во други земји пак, смртна казна се спроведува за верските злосторства. Ова посебно се однесува за исламските земји во која религијата е призната за државна а осуденикот ја отфрлува истата. Во многу земји смртната казна се употребува врз учесниците во трговијата со дрога. Во Кина, трговијата со луѓе и сериозни случаи на корупција исто така се казниви со смртна казна. Во армијата исто така во некои земји постои смртна казна доколку некој направи прекршок од типот на бегство на војникот, кукавичност, недисциплина или непослушност и слично.[12]

Употребата на смртната казна била практика уште од почетокот на т.н. пишана историја. Повеќето историски записи и разни примитивни племенски практики покажуваат дека смртната казна е дел од правниот систем. Казната обично е тесно поврзана со злосторството на прекршителот, кој во некои случаи би можело истата да биде заменета со телесна казна, бегство, егзил итн..

Крвната одмазда или освета пак постоела помеѓу општествата пред да биде воведен судскиот систем. Оваа форма на правда била заедничка пред појавата на судскиот систем кој бил заснован на религијата или организираната земја. Таа можела да произлезе од криминал, спорпво околу земјиштето или честноста. "Актите на одмазда ја истакнувале способноста на социјалнте групи да имаат можност да се бранат пред судските институции при создавање на некој прекршок вклучувајќи го и спорот околу имотот, праватаитн.." [13] Меѓутоа, на практика сепак е многу тешко да се направи разлика помеѓу “војна на одмазда“ и “војна на освојување“ односно завладување на некои имоти или права.

Смртни казни кои во текот на историјата се употребувале биле: погубување на тркало, бавно сечење или отсекување на делови од телото едно по едно, вадење на некои делови од телото, распнување, набивање на кол, кршење односно смачкување (најчесто со слон), каменување, горење на осуденикот, осакатување преку насилно теглење од сите страни на телото, сечење на телото, отсекување на главата, преку т.н. процес на скафизам итн.

Современа употреба[уреди | уреди извор]

По крајот на Втората светска војна настапил период во кои земјите започнале да ги укинуваат смртните казни. Во 1977 година, 16 земји го сториле тоа. Денеска, 95 земји ја укинале смртната казна. Според Hands Off Cain, најмалку 5.727 погубувања биле извршени во 26 земји во 2008 година.[14]

Земја број
Кина Кина најмалку 1700[15] - 5000 [14]
Иран Иран најмалку 346
Саудиска Арабија Саудиска Арабија најмалку 102
Северна Кореја Северна Кореја најмалку 63
САД САД 37
Пакистан Пакистан најмалку 36
Ирак Ирак најмалку 34
Виетнам Виетнам најмалку 19
Авганистан Авганистан најмалку 17
Јапонија Јапонија 15
Јемен Јемен најмалку 13
Индонезија Индонезија 10
Либија Либија најмалку 8
Судан Судан најмалку 5
Бангладеш Бангладеш 5
Белорусија Белорусија 4
Сомалија Сомалија најмалку 3
Египет Египет најмалку 2
ОАР Обединети Арапски Емирати најмалку 1
Малезија Малезија најмалку 1
Монголија Монголија најмалку 1
Сингапур Сингапур најмалку 1
Сирија Сирија 1
Бахреин Бахреин 1
Боцвана Боцвана 1
Свети Китс и Невис Свети Китс и Невис 1

Извршување на кривичните дела поврзани со дрога[уреди | уреди извор]

Авганистан Авганистан
Бангладеш Бангладеш
Брунеј Брунеи
Кина Кина[16]
Тајван Република Кина[17]
Египет Египет
Индија Индија
Индонезија Индонезија
Иран Иран
Ирак Ирак
Кувајт Кувајт
Лаос Лаос
Малезија Малезија
Оман Оман
Пакистан Пакистан
Саудиска Арабија Саудиска Арабија
Сингапур Сингапур
Тајланд Тајланд
САД САД
Виетнам Виетнам
Зимбабве Зимбабве

Смртната казна како мотив во книжевноста[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Charter of Fundamental Rights of the European Union
  2. Amnesty International
  3. Asia Times Online – The best news coverage from South Asia
  4. Coalition mondiale contre la peine de mort – Indonesian activists face upward death penalty trend – Asia – Pacific – Actualités
  5. No serious chance of repeal in those states that are actually using the death penalty
  6. AG Brown says he'll follow law on death penalty
  7. lawmakers-cite-economic-crisis-effort-ban-death-penalty
  8. death penalty is not likely to end soon in US
  9. Death penalty repeal unlikely says anti-death penalty activist
  10. A new Texas? Ohio's death penalty examined – Campus
  11. THE DEATH PENALTY IN JAPAN-FIDH > Human Rights for All / Les Droits de l'Homme pour Tous
  12. „Shot at Dawn, campaign for pardons for British and Commonwealth soldiers executed in World War I“. Shot at Dawn Pardons Campaign. Посетено на 2006-07-20.
  13. Translated from Waldmann, op.cit., p.147.
  14. 14,0 14,1 [1]
  15. [2]
  16. „Akmal Shaikh told of execution for drug smuggling“. 28 декември 2009. Посетено на 29 декември 2009.
  17. „毒品危害防范條例“. 20 мај 2009. Посетено на Januaray 1, 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  18. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 109.