Прејди на содржината

Ѓорѓи Мучитанов-Касапчето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Мучитан Касапчето
Роден 1882
Крушево, Битолски Вилает, Отоманска Империја
Починал 2 август 1911
Крушари, Солунски Вилает, Отоманска Империја

Ѓорѓи Мучитани-Касапчетомакедонски револуционер од влашка народност, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тој е роден 1882 во Крушево. По народност е Влав. Завршил IV клас во романското училиште во Софија. Во екот на Илинденското востание бил во четата на Ѓорче Петров. По востанието учествува во македонското ослободително движење како војвода на чета во Воденско, Негушко и Ениџевардарско. Во 1910 година се приклонува кон Апостол Петков, станува нелегален и станува член на Бугарската народна македоно-одринска револуционерна организација. Загинал на 2 август 1911 кај Крушари, Ениџевардарско, денес Абелие, Грција, заедно со Апостол Петков и Васил Пуфката [2]. Револуционерната дејноста на Касапчето е екранизирана во бугарската серија од 1988 година, Мера според мера.

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, С. 2001
  2. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.

Галерија

[уреди | уреди извор]