Стојан Лазов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојан Лазов
Роден 1871
Прилеп, Македонија
Починал 6 јануари 1899
Прилеп, Македонија

Стојан Лазов — македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Стојан Лазов е роден во 1871 година во Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. Бил учител по професија. Се приклучува кон ВМОРО и дејствува како терорист [1], извршител на смртните пресуди изречени од Битолскиот револуционерен округ.

Во 1896 година во затворот во Битола, Јордан Гавазов, Стојан Лазов и Дончо Штипјанчето со ками го избоделе неколкупати Мицко Крстевски, по што тој конечно преминал во услуга на српската пропаганда во Македонија [2].

На 6 јануари 1899 година Стојан Лазов, заедно со Никола Мрсев, го убива србоманскиот шпион Тоде Поп Антов во Прилеп. Дава борба со турската полиција во градот, убива неколку Турци по што се самоубива, неговото тело било наказено. Му бил организиран голем погреб, а за него се пее песната:

Решив да станам
достојно чедо
На Македонија,
Мајката наша.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Силянов, Христо, „Освободителнитѣ борби на Македония, I“, стр.71
  2. Николов, Тома, „Спомени от моето минало“, Изд. на Отеч. фронт, София, 1988 г