Штерјо Михајлов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 1856
Дебар, денес Република Македонија
Починал 27 декември 1911
Рила, Бугарија

Штерјо Михајлов, наречен Штерјо Влаха или Спиро, бил офицер во Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење. Учесник во Разловечкото востание и војвода во Кресненското востание.

Биографиja[уреди | уреди извор]

Михаjлов е роден вo 1856 година вo град Дебар, тогаш во Отоманската империја. Тоj е едeн од организаторите на Разловечкото востание во текот на 1876 година. Доброволец е во Српско-турската војна. Во 1877 година влегол како доброволец во Бугарското ополчение и се бори во Руско-турската војна во 4-та рота на 4-та дружина. За храброста е унапреден во унтерофицер и бил награден со орденот Свети Георги.

После Берлинскиот договор, во Кресненското востание Михајлов бил војвода на зборната чета во село Долно Драглиште. Во 1885 година е доброволец во Српско-бугарската војна, во којашто добива орден За храброст. После војната се вселува во село Рила и ги помагал четите на Македонската револуционерна организација. Умира во Рила, во 1911 година [1].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр.546.