Андреја Кожуваров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден непознато
Скопје, Македонија
Починал непознато
непознато


Андреја Кожуваров бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Скопје, тогаш во Отоманската империја. Во 1898 година завршува со прв клас во егзархиското педагошко училиште во родниот град. Влегува во ВМОРО. Станува учител во Лерин од 1901 до 1902 година и истовремено е раководител на околискиот револуционерен комитет. По февруари 1902 година властите го затвориле поради Јосифовата афера и лежел во Лерин и Скопје. Излегува од затвор во февруари 1903 година и во текот на летото е војвода на чета во Скопско. По Илинденското востание заминува за Берн, Швајцарија, каде што изучува историја [1].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 79.