Христо Шалдев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Hristo Shaldev.JPG
Роден 25 декември 1876
Гуменџе, Кукушко, Егејска Македонија
Починал 2 февруари 1962
Софија, Бугарија

Христо Шалдев, сo псевдоним Лефтер, бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Христо Шалдев во комитска носија

Христо Шалдев е роден на 25 декември 1876 година во Гуменџе, тогаш во Отоманската империја. Потекнува од познатиот гуменџиски род Шалдеви, дедо му Христо Шалдев е еден од борците за црковна независност и често е затваран во Ениџе Вардар и Солун. Младиот Христо Шалдев е испратен да учи во духовната семинарија во Цариград. На 17 август 1895 година наставникот Григор Мокрев, близок пријател на неговиот чичко, го покрстил во Македонската револуционерна организација.

Во Цариградската семинарија, заедно со Христо Манчев, Спас Цветков, Милан Јорданов и Петар Каркалашев Делев, создава револуционерна група и револуционерна библиотека, во неа биле собрани дела од Христо Ботев, Љубен Каравелов и Иван Вазов. Учествувал во издавањето на весникот "Бунтовник".

Во 1899 година Христо Шалдев се преселил во Санкт Петербург за го продолжи школувањето. Во Русија учествувал во создавањето на комитети на Тајното македонско-одринското студентско друштво во Петербург, Казан, Киев и Одеса, како и во Македонското научно-литературно другарство. ЦК на ВМОРО му дава за задача да ги следи и да известува за активностите на овие комитети пред Организацијата. Учествувамн на тајна средба на украински револуционери во Полтава, каде што завршува семинарија и ги објаснува проблемите на македонското прашање. Во март 1903 година испраќа 1 100 наполеони.

За време на престојот во Санкт Петербург, Шалдев не се согласува со погледите на Македонското научно-литературно другарство и Димитрија Чуповски, дека македонските Словени се етнос различен од Бугарите. Според него, главните идеолозите на македонскиотн национален сепаратизам се Стојан Новаковиќ, а исто така и професорите Јован Цвииќ и Александар Белиќ.

Гуменџе

Откако разбирал за подготовката на Илинденското востание, Христо Шалдев заминува за Ќустендил, каде влегува во Македонија со четата на Димитар Мирасчиев. Потоа, заедно со Тодор Паница, се приклучува во скопската чета на Никола Пушкаров. На 22 јули четата се сместила во манастирот Св. Јован над селото Ветерско, недалеку од реката Пчиња. Од манастирот четата заминала за селото Новачани. На 1 август во 11 часот бил извршен атенатат на железничката линија Скопје - Солун. Расчистувањето на пругата траело два дена. Потоа едено оделение на чело со Димитар Бојанов имале судир со турска потера, во судирот загинале 10 војници, а останатите се разбегале. Четниците ги зазеле каменестите висови над Козле, а отаму сакале да ја привлечат потерата кон нив, но турците заминале кон селото Козле, таму турците фатиле 50 селни и ги повеле со себе. Тогаш четата отворила огин, а престрелката траела со вечерта. Следниот ден Пушкаров имал судир со аскерот кај Ветренскиот манастир, комитетите немале жртви. По судирот кон четата на Пушкаров се присоединила четата на светиниколскиот војвода Боби Стојчев, кој тргнал за помогне во судирот [1].

Се вратил во Санкт Петербург и го завршува образованието во духовната академија во летото 1905 година, по што заминува за Цариград. Уапсен е за 10 дена, а потоа се враќа во Гуменџе, а потоа за кратко време учителствувал во Едрене, каде што е член на Одринскиот окружен револуционерен комитет. Бугарската егзархија го назначува како учител по литература, поради неговиот труд од 300 страници "Духовната состојба на Бугаринот за време на негово ропство под Турско". Христо Шалдев се зазема за воведување на црковното пеење на старословенски и објавил голем број на написи во "Музички весник", а во 1916 година ги објавил "Psalm Mass of the Old and New Bulgarian Songs", а како основа користел народни песни од Лозенградско. Со помош на наставникот Мале Малеев го издава весникот "Борба".

Потоа е преместен во Скопје во 1906-1907 година, каде ја предводел Скопскиот окружен револуционерен комитет, заедно со Стефан Петров, Атанас Албански, Христо Поп Пандов и Јанчев од Штип. Во Скопје, Шалдев е учител во Скопското педагошко училиште. Ги преставил документи на министерот за надворешни работи на Бугарија за активностите на Хилми паша во Македонија, координираните активности на грчката и српската вооружена пропаганда за контрола на Порече, Азот, Струма, Меглен, Лерин и Мариово.

Корица на „Илустрација Илинден“
Големиот македонски собор, порта од соборот со натпис „Македонци, потпирајте се претежно на себе“

По завршувањето на учебната 1906-1907 година Христо Шалдев е отпуштен од Бугарската егзархија како учител по наредба на Хилми паша и до Младотурската револуција учителството во Софија, во меѓувреме е делегат на Ќустендилскиот конгрес. Тогаш е назначен за началник на сите училишта во Прилепското и ја врши функцијата до 1912 година, по што е назначен во Солунската женска гимназија до почетокот на Првата балканска војна. По Втората балканска воjна е уапсен и е испратен на островот Итака. По заточението заминал за Бугарија.

Во учебната 1913-1914 е професор во Ајтос, а потоа во Ќустендил. Во Првата светска војна се бори во Петиот македонски полк под команда на Борис Дрангов. По војната учителствувал во женска гимназија и во наставниќки институт, во тоа време српскиот печат го именувал за главен организатор на ВМРО во Вардарска Македонија, поради неговите силни контакти со Тодор Александров и Иван Михајлов. Учителстувал уште во Пазарџик, и во Софија, каде што е секретар на Илинденската организација и на изданието "Илустрација Илинден", и за четири години е уредник на списанието "Geographic Reading Matters". Трајко Благоев, К. Рачев и Христо Шалдев го издаваат заедничото списание "Географска читанка".

Во 1933 година на Големиот македонски собор заедно со раководителите на другите бегалски македонски организации го потпишува Повикот кон македонскиот народ. Се пензионирал во 1934 година. По Деветосептемврискиот удар во 1944 година се противи на културната автономија во Пиринска Македонија. Христо Шалдев умира во Софија на 2 февруари 1962 година. Автор е на книгите Македонија и нејзиниот копнеж за слобода и Градот Прилеп во бугарската преродба.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. (бугарски)