Александар Белиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Белиќ
Роден/а15 август 1876
Белград, Србија
Починат/а26 февруари 1960(1960-02-26) (возр. 83)
Белград, НР Србија, Југославија
Занимањеписател и лингвист
Јазиксрпски

Александар Белиќ (српски: Александар Белић, Белград, 2 август 1876 - Белград, 26 февруари 1960) бил македонист, филолог, професор и ректор на Универзитетот во Белград, претседател на САНУ и член на повеќе српски и странски организации. Неговата дејност во македонската историја и Македонистика е констраверзна бидејќи бил застапник на великосрпските идеи и тврдел дека македонските дијалекти се српски.[1] Сепак, тој дал одреден придонес при елаборирање на некои македонски говори.

Животопис[уреди | уреди извор]

Александар Белиќ и Јосип Броз Тито во 1954

Основно училиште завршил во Белград. Студиите по филологија ги започнал во Белград и ги продолжил во Москва и Одеса. По завршувањето на студиите го повикале да остане на катедрата по лингвистика и филологија на Универзитетот во Москва, но тој се вратил во Србија каде во 1899 година е поставен за доцент на Високата школа. Потоа една година поминал во Германија на усовршување каде и ја одбранил докторската десертација. Десертацијата е објавена на германски јазик во два дела. Подоцна станал редовен професор на Универзитетот во Белград.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Дијалекти источне и јужне Србије, (Дијалекто на источна и јужна Србија)
  • Дијалектолошка карта српског језика, (Дијалектолошка карта на српскиот јазик)
  • Акцентске студије, (Акцентски студии)
  • О двојини у словенским језицима, (За двоините во словенските јазици)
  • Галички дијалект, (Галички дијалект)
  • О језичкој природи и језичком развитку (1941.), (За јазичната природа и јазичниот развој)
  • Правопис српско-хрватског књижевног језика (1923.). (Правопис на српскохрватскиот книжевен јазик)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Периодизација на историјата на македонскиот јазик, Марјан Марковиќ, Скопје“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2011-01-27.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Академски функции
Претходник
Богдан Гавриловиќ
Претседател на Српската академија на науките и уметностите
1937–1960
Наследник
Илија Ѓуричиќ
Претходник
Владимир К. Петковиќ
Ректор на Универзитетот во Белград
1933–1934
Наследник
Владимир Ќоровиќ