Спас Мартинов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спас Мартинов
Роден 23 јули 1872
Битола, Македонија
Починал 30 декември 1937
Софија, Бугарија

Спас Мартиновмакедонски деец, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во 1872 година во Битола. Во 1896 година завршува словенска филологија на Софискиот универзитет по што учителства во Македонија. За време на Солунската афера од јануари 1901 година, е известен од Иван Хаџи Николов за апсењата на турската полиција и успеал да се сокрие. Од таму оди како наставник во Едрене, каде што во 1901 година е назначен за претседател на Одринскиот окружен револуционерен комитет. Помеѓу 13-15 април 1902 година во Пловдив учествува на конгресот на Одринскиот револуционерен округ, заедно со Гоце Делчев и Михаил Герџиков, каде што е избран за член на окружниот комитет [1]. Истата година е избран за член на Централниот комитет, заедно со Иван Гарванов и Димитар Мирчев. Во 1903 година учествува на Солунскиот конгрес. Во пролета истата година е уапсен од страна на турските власти и екстрадиран во Бугарија. За време на Илинденското востание работи во Задграничното претставништво. Подоцна во 1904 година зема учество во подготовките на чети, кои требало да заминат во внатрешноста на Македонија. Потоа, тој е учител во Свиштов без да прекинува своите активности во Македонската револуционерна организација. Спас Мартинов умрел во Софија на 30 декември 1937 година [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Караманджуков, Христо. „Западнотракийските българи в своето култорно-историческо минало с особен поглед към тяхното политико-революционно движение“, София, 1934, стр. 80.
  2. Биография на сайта на ВМРО