Прејди на содржината

Пејо Јаворов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пејо Јаворов
Роден 1 јануари 1878
Чирпан, Одрински вилает, Османлиска Империја
Починал 29 октомври 1914(1914-10-29) (возр. 36)
Софија, Бугарија

Пејо Јаворов (бугарски: Пейо Яворов; Пейо Тотев Крачолов) — поет, публицист и револуционер од Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација, подоцна свртен кон конзервативното-централистичко крило и ВМРО (Автономистичка)[1].

Животопис

[уреди | уреди извор]
Куќа-музеј на Јаворов во Чирпан

Јаворов завршил V (IX) клас во Пловдив. Од 1893 до 1900 година работел како телеграфист низ разни места — Чирпан, Стара Загора, Сливен, Софија и др.

Во тоа време бил симпатизер на Бугарската работничка социјалдемократска партија, а во 1897 година влегол во контакт со Македонската револуционерна организација.

Од 1901 до 1902 година бил уредник на нелегалниот весник Дело. Првпат како четник во Македонија влегува со четата на Михаил Чеков во 1902 година, а потоа бил заробен од врховистичка чета и бил вратен во Бугарија.

Бил уредник на голем број на весници кој биле поврзани со македонското и одринското револуционерно движење, како што биле в. Дело, в. Слобода или смрт, в. Автономија, в. Илинден.

Неговата прва публикувана стихотворба Напред излегла во в. Глас македонски. Јаворов подоцна станал четник на Јане Сандански, а подоцна содружник и пријател на Гоце Делчев, негов прв биограф (Гоце Делчев, 1904).

По расколот во Организацијата бил член на Задграничното претставништво на конзервативното крило.

Овој период од неговиот живот е опишан во книгата „Ајдучки копнежи“ (Хайдушки копнения) од 1909 година.

  1. Пейо Яворов и Тодор Александров - Приятели в живота, съратници в борбата, Цочо Билярски, УИ "Св. Климент Охридски"

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]