Бугарска работничка социјалдемократска партија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бугарска работничка социјалдемократска партија (бугарски: Българска работническа социалдемократическа партия; БРСДП) — бугарска политичка партија. Таа била основана во 1894 година преку обединување на Бугарската социјалдемократска партија на Димитар Благоев и Бугарскиот социјалдемократски сојуз, на чело со Јанко Сак’зов. Дотогаш двете организации постоеле независно една од друга и исповедувале различни ставови за развојот на социјалистичкото движење во Бугарија.

На изборите за 8. Обично народно собрание во 1894 година за прв пат биле избрани двајца пратеници од БРСДП (Јанко Сак’зов и Никола Габровски). Во следните години теоретските спорови и личните противречности во партијата продолжиле и во 1903 година таа се разделила на Бугарска работничка социјалдемократска партија (тесни социјалисти), на чело со Димитар Благоев и Бугарска работничка социјалдемократска партија (широки социјалисти) на чело со Јанко Сак’зов.

БРСДП издавала весниците Работнически весник (марксистички) и Народ (реформистички), како и списанијата Ново време (марксистичко) и Општо дело (реформистичко).