Одрински Вилает

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Одрински вилает)
Карта на Одринскиот вилает. Источна Тракија е денешна европска Турција, и мали делови од Грција и јужна Бугарија.
Енографска карта на Одринскиот вилает во 1912 година според Љубомир Милетиќ. Текстот на картата е на бугарски јазик.

Одрински вилает (традиц. нарекуван и Одринско) — еден од европските вилаети во Отоманското Царство чиј центар на таа територија бил градот Одрин (Едрене). Оваа територија се протегала од Црното Море до реката Места и од тогашната бугарско-турска граница до Мраморно и Егејското Море, но без Истанбул.[1]

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Името потекнува од градот Одрин. Вилаетот понекогаш се нарекува и со кратенката Одрински, но и со географското име Источна Тракија.

Население[уреди | уреди извор]

Вилаетот бил населен воглавно од турско, грчко и бугарско население.[2] Според Љубомир Милетиќ Одринскиот вилает, без Истанбулскиот вилает, во 1912 година имал околу 1,000,000 луѓе. Најмногубројно било турското население со околу 400 илјади жители, а Бугарите, Грците и другите националности биле околу 600 илјади луѓе, од кои 300 илјади зборувале на бугарски, а 200 илјади зборувале на грчки јазик.[3] Од тие што зборувале бугарски, околу 176,000 биле припадници на Егзархијата,[4] 96,000 Помаци,[5] 25,000 припадници на Патријаршијата и 1,700 Униjати.[6] По Балканските војни, христијанското население од Одринско било прогонето од страна на турските власти[7], и денес регионот е претежно населен со турско население.

Отомански статистички податоци за Одринскиот вилает и Истанбулскиот вилает од 1910[8]
санџак Турци Грци Бугари други вкупно
Одрин 128,000 113,500 31,500 14,700 287,700
Кирк Килисе 53,000 77,000 28,500 1,150 159,650
Родосто 63,300 36,000 3,000 21,800 144,300
Такирдаг 63,500 56,000 3,000 21,800 144,300
Галиполе 31,500 70,500 2,000 3,200 107,200
Дедеагач 45,300 29,000 17,000 650 91,630
Комотини 185,000 22,000 23,500 2,200 234,700
Чаталџа 18,000 48,500 - 2,340 68,840
Истанбул 450,000 260,000 6,000 130,000 846,000
вкупно
%
974,500
676,600
113,500
176,040
1,940,040
Статистички податоци на Патријаршијата од 1912
вкупно
%
836,500
726,00
114,000
340,700
2,017,800

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Българите в най-източната част на Балканския полуостров - Източна Тракия, Димитър Войников.
  2. Спомени на Михаил Герџиков - “Култура“, Скопје
  3. "Разорението на тракийските българи презъ 1913 година", Българска академия на науките, София, Държавна печатница, 1918 г.; II фототипно издание, Културно-просветен клуб "Тракия" - София, 1989 г., София, стр. 7-9.
  4. Тука влегуваат и околу 10,000 Егзархисти од Истанбулскиот вилает.
  5. Според други тие се околу 130,000 души; Ст. Шишков "Помаците в трите български области Тракия, Македония и Мизия, Пловдив 1914, стр. 15.
  6. "Разорението на тракийските българи... стр. 287-300.
  7. Извештај на Карнегиевата балканска комиција (1912-1913) - “Култура“, Скопје
  8. Pentzopoulos, Dimitri (2002). The Balkan exchange of minorities and its impact on Greece. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 31–32. ISBN 9781850657026.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]