Иван Котев
Изглед
Иван Котев | ||
Роден | непознато Крушево, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 12 јули 1913 Журче, Крушевско, Македонија |
Иван Котев, познат како Ванчо Белувчето — македонски револуционер, крушевски војвода и терорист на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Котев е роден во Крушево, тогаш во Османлиското Царство. За време на Илинденското востание е четник при Иван Алабакот. Во Првата балканска војна Котев е војвода на чета и зема учество во ослободувањето на Крушево.
Загинува на 12 јули 1913 година во борба со српска потера помеѓу селата Ракитница и Острилци, кај Журечката река. Србите му ја отсекле главата по борба и ја разнесувале низ улиците на Крушево за да го заплашат македонското население [1]
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 83.