Ракитница
Ракитница | |
![]() Поглед на селото Ракитница | |
Координати 41°18′57″N 21°11′23″E / 41.31583° СГШ; 21.18972° ИГДКоординати: 41°18′57″N 21°11′23″E / 41.31583° СГШ; 21.18972° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Железник |
Население | 11 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7244 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10027 |
Надм. вис. | 690 м |
Слава | Митровден[2] |
![]() |
Ракитница — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 690 метри.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 17,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 850 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 427 хектари, а на пасиштата 289 хектари.[3] Околни села се: Растојца од север, Радово од запад, Суво Грло и Ново Село од југ, Острилци од североисток, и Журче од југоисток.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Ракитница било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.
На 23 јули 1902 година (нов стил) кај селото Ракитница дошло до битка помеѓу четата на војводата Веле Марков и турската војска. Во Битката загинува војводата Веле Марков, заедно со шест негови четници, додека Ѓурчин Наумов - Пљакот и уште тројца четници успеале да ја пробијат турската заседа.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[3]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ракитница имало 255 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ракитница имало 240 жители.[5]
Ракитница е мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 305 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 40 жители македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 37 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 255 | 240 | 351 | 364 | 305 | 171 | 83 | 43 | 40 | 37 | 11 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови[уреди | уреди извор]
Ракитница е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[11]
- Староседелци: Блажевци (5 к.), Черговци (5 к.), Степановци (4 к.), Момировци (2 к.), Кичевци (2 к.), Пејковци (3 к.), Гусковци (3 к.), Чоклевци (4 к.), Коркаровци (1 к.), Солевци (3 к.), Стојчевци (2 к.), Трпчевци (7 к.), Никовци (6 к.), Тошевци (2 к.), Тушловци (2 к.), Сирковци (5 к.), Љушевци (2 к.) и Костевци (5 к.).
- Доселеници: Кузевци (Кузман се доселил со семејството од Растојца во Ракитница во првата половина на XX век. Од Растојца како староседелци потекнуваат од семејството Жулевци).
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Ракитница, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 632 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задружен дом.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[14]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
- Споменици
- Споменик за НОБ
Личности[уреди | уреди извор]
Родени[уреди | уреди извор]
- Малинка Најдова Вељаноска — македонска револуционерка од ВМОРО.[15]
- Драган Јанкуловски — македонски партизан
- Јонче Момировски — македонски партизан
- Миле Неделковски — македонски партизан
- Нове Николовски — македонски партизан
- Починати
- Веле Марков (1870-1902) — револуционер и социјалист
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Постари иселеници до 1951 година од селото има во Романија (1 семејство), Бугарија (1 семејство, во Софија), Битола (1 семејство) и во Србија (1 семејство, во Вршац).[11]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 252. Посетено на 8 јануари 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 јануари 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|