Боиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Боиште
Боиште is located in Македонија
Боиште
Местоположба на Боиште во Македонија
Координати 41°11′46″N 21°06′01″E / 41.19611° N; 21.10028° E / 41.19611; 21.10028Координати: 41°11′46″N 21°06′01″E / 41.19611° N; 21.10028° E / 41.19611; 21.10028
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 7[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10005
Надм. вис. 958 м
Слава Ѓурѓовден
Петковден[2]
Боиште на општинската карта
Боиште во Општина Демир Хисар.svg

Атарот на Боиште во рамките на општината


Боиште — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Боиште е планинско село сместено близу изворите на Боишка Река, близу местото каде се сретнуваат двете планини, Плакенска и Илинска.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Боиште — село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, на Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Боиште имало 650 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Боиште имало 720 жители.[4]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 7 жители.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 650 720 686 661 495 382 180 9 22 7
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Боиште е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Богдановци (9 к.); Дамчевци со Тодорчевци, Јанковци, Банаковци, Здравевци и Трајковци (11 к.); Џамбазовци (11 к.); Белевци (5 к.); Боцевци и Божиновци (3 к.); Вељанчевци (20 к.); Вековци (6 к.); Гајтановци со Чешалковци и Чукалковци (5 к.); Зајаковци (2 к.); Даљановци (5 к.); Пројковци со Китановци (6 к.); Перумуновци (4 к.); Цветковци со Јошаревци (10 к.); и Попевци (7 к.).[8]


Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Смилево, во која покрај селото Боиште, се наоѓале и селата Обедник и Смилево. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Вирово, во која влегувале селата Боиште, Вирово, Лесково и Церово.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 643 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект - куќа на васил талевски.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 6 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[11]
Цркви[12]

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јуни 2016.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. Русиќ, Бранислав. Железник. Архивски фонд на МАНУ к-5, АЕ 97.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  13. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  14. 14,0 14,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  15. 15,0 15,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  16. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]