Црква „Св. Ѓорѓи“ - Боиште
Изглед
Свети Ѓорѓи | |
Фреска од црквата со св. Ѓорѓи во средината | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Крушевско-демирхисарска |
| Парохија | Сопотничка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°11′49.41″N 21°5′58.53″E / 41.1970583°N 21.0995917°E |
| Место | Боиште |
| Општина | Демир Хисар |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Ѓорѓи |
| Завршено | 1850 |
| Живопис | 1878 |
| Архитектонски опис | |
Св. Ѓорѓи — црква во демирхисарското село Боиште. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Храмот е граден во две фази.[1] Првата е од 1850 година,[1] што е означено над влезот.[2]
Црквата има правоаголен облик со седумстрана апсида на запад, која е покриена архитравно.[3] Западниот влез е обликуван со релјефни камени пиластри и над него има камен релјефен крст.[2] Апсидата, венецот, окната и аглите се изградени од делкан бигор. Покривот е калкански, првично покриен со камени плочки, а подоцна со ќерамиди. Таваницата внатре е со штици и опшивни лајсни. Северниот и јужниот ѕид се живописани со фрески во 1878 година.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 14. ISBN 978-608-65616-4-2.
- 1 2 „Боиште“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-20. Посетено на 20 август 2018.
- 1 2 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 15. ISBN 978-608-65616-4-2.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Боиште на Ризницата ?


