Вардино
Вардино | |
![]() Поглед на селото | |
Координати 41°14′08″N 21°14′33″E / 41.23556° N; 21.24250° EКоординати: 41°14′08″N 21°14′33″E / 41.23556° N; 21.24250° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Железник |
Население | 266[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10007 |
Надм. вис. | 796 м |
Слава | Св. Никола Летен[2] |
![]() |
Вардино — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Потекло на името[уреди | уреди извор]
Се претпоставува дека името на селото доаѓа од првиот доселеник Словен во ова место по име Вардин.[2]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Ова село се наоѓа во Железник, во крајниот источен дел на територијата на Општина Демир Хисар, во долината на Црна Река, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Битола.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 660 метри. Од градот Демир Хисар, селото е оддалечено околу четири километри.[3]
Вардино е развиено рамничарско село, чие поле се протега по должината на Црна Река. Од најблискиот поголем град, Битола, е оддалечено 25 километри. Се граничи со Бараково, Единаковци и Света на север, со селото Древеник (Општина Битола) на исток, со селото Суводол на југ и со селото Граиште на запад.[2]
Селото добило електрична енергија во 1958 година, водовод бил направен во 1988 година, а истата година бил завршен и асфалтниот пат до селото.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Вардино се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер. Во селото имало 33 христијански семејства, 2 неженети и 2 вдовиди со вкупно 179 жители. Жителите плаќале 13.244 акчиња годишно данок. Според пописот од 1568 година селото се намалило на 121 жител.[2]
Во XIX век, Вардино било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Атарот зафаќа простор од 8,8 км2, при што преовладуваат шумите со 385,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 234,8 хектари, а на пасиштата 227,7 хектари.[3]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]
Населението се занимава со одгледување на тутун, пченка, пченица, градинарство, а исто така чуваат овци, крави и живина.[2]
Денес, во селото работи пржилницата „Пела“ за кафе, како и други зрнести растенија, која има 10 вработени. Воедно, има две продавници.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вардино живееле 200 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вардино имало 288 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Селото е средно по големина, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 543 жители, додека во 1994 година 327 жители, македонско население.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 266 жители, сите Македонци.[1]
Според неофицијални податоци, во 2015 година селото броело 250 жители.[2]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | 288 | 802 | 692 | 543 | 492 | 419 | 333 | 327 | 266 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Вардино е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[9]
- Староседелци: Грујовци со Рибаровци (10 к.); Матевци со Нечаковци (4 к.); Анчевци (1 к.), стари деленици со Грујовци и Рибаровци; Пупулковци (2 к.), стари деленици со Грујовци, Рибаровци и Анчевци; Здравевци (2 к.); Шоклевци (4 к.); Велковчевци (1 к.), најстар род во селото; Димовци (1 к.); Гајдоровци (2 к.); Тренчевци (4 к.); Сариовци (31 к.); Ѓуровци (3 к.); Мицевци (2 к.); Крчановци (8 к.) и Јанкуловци (4 к.).
- Доселеници: Томевци (2 к.), доселени се од селото Перово во Преспа. Го знаат следното родословие: Ристе (жив на 80 г. во 1952 година) Крсте-Томе, кој се доселил во селото; Солевци и Насевци (9 к.), доселени се од некое село Битинци кај Корча во Албанија; Шундовци (4 к.), доселени се околу 1847 година од селото Перово во Преспа. Го знаат следното родословие: Митре (жив на 75 г. во 1952 година) Карафил-Иван, кој се доселил; Златановци (1 к.), доселени се од селото Вирово.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Гоце Делчев“ до V одделение[10], подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар
- Месна заедница
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Вардино, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 0621 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 187 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[13]
- Плоча — некропола од доцноантичко време; и
- Горна Црква — населба, црква и некропола од средниот век.
- Цркви[14]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква; и
- Црква „Св. Константин и Елена“ — главна манастирска црква.
- Манастири
Редовни настани[уреди | уреди извор]
- Слави[2]
- Свети Никола Летен (2 јуни) — селска слава
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Вардино
- Тодор Ристов Грујовски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Петре Јошев Дуновски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Митра Котева Ангелевска — македонска револуционерка од ВМОРО.[16]
- Ангеле Мицев Ангелевски — македонски револуционер од ВМОРО.[16]
- Стојан Јованов Брајановски — македонски револуционер од ВМОРО.[16]
- Петре Кузманов Ристевски — македонски револуционер од ВМОРО.[17]
- Митре Карафилов Иваноски — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Помасовно иселување на населението од ова село започнало по 1960 година. Иселеници има во градовите Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид и Велес, а исто така многу се имаат иселено и во битолското село Трновци. Има иселено и во европските и во прекуокеанските држави.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 јули 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 2,9 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 17–19. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 47. Посетено на 3 април 2020.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к-5, АЕ 97.
- ↑ „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Посетено на 26 јули 2016.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 април 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 април 2020.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 15,0 15,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|