Вирово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вирово
Викиекспедиција Железник 137.jpg

Една од улиците во Вирово

Вирово is located in Македонија
Вирово
Местоположба на Вирово во Македонија
Координати 41°13′58″N 21°5′24″E / 41.23278° СГШ; 21.09000° ИГД / 41.23278; 21.09000Координати: 41°13′58″N 21°5′24″E / 41.23278° СГШ; 21.09000° ИГД / 41.23278; 21.09000
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 151[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Надм. вис. 811 м
Слава Св. Никола Летен
Св. Петка[2]
Вирово на општинската карта
Вирово во Општина Демир Хисар.svg

Атарот на Вирово во рамките на општината
Commons-logo.svg Вирово на Ризницата


Вирово — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Општина Демир Хисар, чиј атар се издига до сртот на Плакенска Планина. Селото е ридско, на надморска височина од 840 метри.[3]

Од општинското средиште градот Демир Хисар, селото е оддалечено 18 километри.[3]

Атарот на селото зафаќа простор од 17,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 988,9 хектари, потоа пасиштата со 515,9 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 236,3 хектари.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото потекнува многу одамна, уште од римскиот период. Во турските тефтери се среќава уште од 1600 година. Селото се селело и денес постојат месностите Горно Вирово и Долно Вирово.

Првото училиште се споменува дека било создадено уште во 1873 година.

Многу интересен е фактот поврзан со ова село за време на Илинденското востание. Пред 2 август четите се собрале во Вировската рудина кај чешмата Еврејка и од таму се упатиле за Смилево кога и го ослободиле. Во Вирово тогаш биле изработени неколку црешови топчиња кои биле употребени за време на востанието. Во Вирово била и работилницата - леарница за изработка на бомби и куршуми.

Вировската чета била приштабска задолжена непосредно за заштита на востаничкиот штаб на чело со Даме Груев. Во четата бил и Лозан Штрковски со неговиот брат Трајче. Тие учествувале и во одбраната на Смилево на 28 август 1903 година. Во Вировска Планина (на географските карти ја има како Плакенска Планина) за време на Илинденското востание се одиграла една од најголемите битки. По освојувањето на Смилево и Крушево од страна на Турците, востаниците и народот се повлекле во Вировска Планина. Со нив биле и Даме Груев и Никола Карев.

Непосредно над подножјето на Вировска Планина востаниците формирале одбранбен бедем кој Турците и по неколку офанзиви и по огромни загуби не успеале да го пробијат. Вирово тогаш е по втор пат до темел изгорено.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поглед на ќумурџилница

Вирово е занаетчиско село во кое работат поголем број валавици.[4]

Со занаетот, во шеесеттите и седумдесеттите години од 20 век, селото доживело подем и постанало едно од најбогатите села во Демир Хисар. Неговите валајчари работат во Црна Гора, Косово, Јужна Србија и цела Македонија.

Исто така, во селото се забележува и постоење на ќумурџилница, т.н. „рупи“ за создавање на ќумур.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Вирово имало 350 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вирово имало 400 жители.[6]

Во Вирово, поради емиграцијата на населението бројот на жители двојно се намалил. Така, во 1961 година селото броело 461 жител, а во 1994 година 217 жители, македонско население.

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 151 жител, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 350 400 653 630 461 435 345 270 217 151
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Вирово во целост е населено со Македонци од православна вероисповед. Родови кои живеат во селото се: Штрковци се доселиле од охридското село Волино каде имаат роднини со име Шкуртевци, Деспотовци, Солунчевци, Лазоровци, Костевци.[10]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:

  • Староседелци и доселеници со непознато потекло: Костевци (27 к.), Стојановци (6 к.), Ѓорговци (12 к.), Пешевци (3 к.), Дамјановци (4 к.), Босилковци (4 к.),Станковци (1 к.) и Бошковци (3 к.)
  • Доселеници со познато потекло: Гајдаровци (12 к.) и Стојчевци (4 к.) доселени се од селото Царев Двор, преспанско. Во првиот род се знае следната генеологија Василко (жив на 70 год. во 1951 година) Стојко-Смиле, кој се доселил од Царев Двор; Никлевци (11 к.) доселени се од селото Прибилци; Штрковци (5 к.) доселени се од селото Волино, охридско/Дебарца.[11]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште
  • Подрачно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Жван, во која покрај селото Вирово, се наоѓале и селата Жван, Мренога, Радово, Слоештица, Сопотница, Суво Грло и Церово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Вирово, во која влегувале селата Боиште, Вирово, Лесково и Церово.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Петка“ над селото
Споменикот за НОБ на сретсело
Археолошки локалитети[12]
  • Гумниште — населба и црква од средниот век;
  • Долно Вирово — населба, црква и некропола од средниот век;
  • Св. Богородица — црква од средниот век;
  • Штеуни — доцноантички рударски јами; две окна се наоѓаат во близина на селото. Селаните раскажуваат дека се простираат сè до подножјето на месноста Еврејка, а од нив се ископувало железо, но и благородни метали. И денес во нивните окна се забележуваат дрвени потпир.
Цркви[13]
Реки
Споменици
  • Споменик за НОБ

Валавници[уреди | уреди извор]

Најзнаменит дел од Вирово се валавиците (за валање на рачно ткаено платно - сајак) и вировите (за валање на веленца - јамболии).

Нив ги имало осумдесетина, а денес е останата е една валавица т.е. валавицата на познатата валајчарска фамилија на Велјан Штрковски. Иако се Штрковските валавици под заштита на Министерството за култура како „споменици на културата“ ништо не е направено тие да се заштитат.

Валавиците потекнуваат уште од античко време. Теофраст, авторот на „Карактери“ кажува дека и татко му бил валавичар на платно. За Вирово и валавиците во 1967 година во Кан, Франција е прикажан документарен филм во режија на Мето Поповски, а сценарио на Петре М. Андреевски. Снимени се многу други документарни филмови за Вирово, за валавиците и валавичарите кои се прикажувани во многу земји во светот.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Валавици
Вирово

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 5 август 2016. 
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар. Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2. http://eprints.ugd.edu.mk/18749/1/Никола%20В.%20Димитров%2CГЕОГРАФИЈА%20НА%20НАСЕЛБИ-Општина%20Демир%20Хисар.pdf. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 54. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 1 декември 2016 г. 
  4. Александар Матески, „Плакенска Планина“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 106-107.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. Според кажување на Флорин Штрковски, жител на селото, забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Кирил Симеоновски и Ѕвонко Петровски на 04.06.2016
  11. . Архив МАНУ Фонд „Бранислав Русиќ“ АЕ 97/1а „Железник“ Вирово. 
  12. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]