Прејди на содржината

Црква „Св. Петка“ - Жван

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Архијерејско намесништвоКрушевско-демирхисарско
ПарохијаСопотничка
Местоположба

Карта

Координати41°17′42″N 21°06′54″E / 41.29500°N 21.11500°E / 41.29500; 21.11500
МестоЖван
ОпштинаДемир Хисар
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвета Петка
ИзградбаXVII век
Архитектонски опис

Света Петка — гробјанска црква во селото Жван. Црквата се наоѓа на височинка којашто доминира над делото од селото покрај левата страна од патот кој води кон Демир Хисар, на неколку стотини метри од црквата „Св. Димитрија“.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во врска со точното време на изградба на црквата нема веродостојни податоци, но од архитектурата на градбата и сочуваниот фрескоживопис може да се претпостави дека била изградена во првата половина на XVII век.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е еднокорабна со издолжена правоаголна основа, која на источната страна завршува со висока тристрана апсида. При изградбата на црквата, на западната страна е подигната и припрата, која денес е составен дел на црквата.[2]

Внатрешниот простор на црквата е засводен со полуобличест издолжен свод кој лежи на два пара лакови носени од пиластри, при што наосот се дели на два дорати. Олтарскиот простор е тесен и од наосот е одделен со дрвен иконостас од поново време. Главната апсида е нагласена, а улогата на олтарскиот простор ја врши една плитка ниша втопена во масивниот источен ѕид, која во горниот дел завршува лачно.[1]

Во храмот се влегувало преку мала врата на западниот ѕид на припратата. Целата градба е покриена со кров на две нивоа со ќерамиди.[1]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 Наве, Сашка (април 2013). Цркви со продолжни лакови од XV и XVIII век. Скопје: Архитектонски факултет - Скопје. стр. 16.
  2. Митревски, Никола (2003). Споменици на фрескоживописот од XVI и XVII век во Демирхисарско. Прилеп: Матица македонска. стр. 56. ISBN 9989-48-512-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]