Брезово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брезово
Brezovo.JPG

Панорамски поглед на селото Брезово

Брезово is located in Македонија
Брезово
Местоположба на Брезово во Македонија
Координати 41°20′31″N 21°07′37″E / 41.34194° СГШ; 21.12694° ИГД / 41.34194; 21.12694Координати: 41°20′31″N 21°07′37″E / 41.34194° СГШ; 21.12694° ИГД / 41.34194; 21.12694
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 62[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Надм. вис. 1080 м
Commons-logo.svg Брезово на Ризницата


Брезово — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на еден дел од селото

Брезово се наоѓа на патот момеѓу селата Доленци и Зашле, оддалечено 8 километри од магистралниот пат Кичево - Демир Хисар. Селото лежи во карпесто подножје на планината Лубен. Најголем дел од живеалиштата се поставени на левата страна од Брезовска Река, на релативно коса стрмнина.

Селото се наоѓа на надморска височина од 840 до 1.100 метри. Неговиот атар изнесува 20,8 км². На овој простор преовладуваат пасиштата, со површина од 1.213 хектари, обработливо земјиште има околу 443,8 хектари, а шумите зафаќаат 315,9 хектари.[2]

До селото води асфалтиран пат и се поставена електрична мрежа, водовод и телефонска врска.

Соседни села на Брезово: Зашле и Цер од север, Кочиште од исток, Сопотница од југ, Доленци и Железнец од запад и југозапад.

Историја[уреди | уреди извор]

Најстарите пишани извори за Брезово потекнуваат од периодот на отоманското владеење на Балканот. Тоа се таканаречаните пописни книги во кои биле внесувани податоци за феудалните имоти, за населбите, за населението и сл. Првиот попис што е регистриран за Битолската нахија, кон која припаѓал и Брезово, потекнува од 1467/68 год. Тогаш, во селото биле регистрирани 35 семејства и 4 неженети. Ако се има предвид дека едно семејство во тоа време броело пет члена,се доаѓа до заклучокот дека во пописната година имало близу 200 жители, исклучиво христијани. Вториот пишан документ е, исто така, пописна книга од 1636 год. Во неа, селото е обврзано да плаќа данок од 17 овци.[3]

Во времето на Отоманската Империја, оваа територија ја бранеле војводите: Јордан Пиперката, Никола Врба, Костадин Војводата - Капиданот и Сотир Христов - Војводата.

Во XIX век, селото Брезово било дел од Битолската каза, во Крушевската нахија на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поглед на една од активните варници

Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Во селото постојат поголем број на варници, кои во минатото биле многу користени.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Брезово имало 560 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Базерник имало 800 жители.[5]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 62 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 560 800 700 639 510 310 197 75 69 62
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Брезово е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[9]

  • Староседелски: Мијајлевци (7 к.), Стојовци (1 к.), Чаповци (1 к.), Апостоловци (2 к.), Пејковци (3 к.), Сталевци (3 к.), Цветковци (6 к.), Бавтировци (3 к.), Торбевци (3 к.), Ралевци (2 к.), Ќерсовци (1 к.), Десановци (2 к.), Мишковци (9 к.), Боневци (7 к.), Стамболџијовци (2 к.), Пичаровци (2 к.), Ќумишовци (3 к.), Бакијовци (3 к.), Баловци (3 к.), Дабевци (6 к.), Секуловци (6 к.), Тодоровци (2 к.) и Стојковци со Терзијовци, Јуруковци и Поповци (22 к.).
  • Со непознато потекло: Качаровци или Шурбановци или Наумовци (1 к.).
  • Доселеници со познато потекло: Митревци (9 к.), доселени се од соседното село Зашле, ја знаат следната генеологија Богоја (жив на 80 год. во 1951 година) Стеван-Коста, се доселил неговиот дедо; Гаревци (22 к.), доселени се од мијачкото село Гари, ја знаат следната генеологија Ванчо (жив на 80 год. во 1951 година) Анѓеле-Стојан-Трајан Гаре, кој дошол во селото; Јоновци (1 к.), доселени се од селото Горно Дивјаци, Крушевско и Никлевци (12 к.), доселени се од некое село во Охридско.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долнени, во која покрај селото Брезово, се наоѓале и селата Бабино, Базерник, Големо Илино, Доленци, Железнец, Мало Илино и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Доленци, во која влегувале селата Брезово, Бабино, Базерник и Доленци.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на црквата „Св. Илија“
Поглед на кулата на Јордан Пиперката
Археолошки локалитети[10]
Цркви[11]
Средновековна кула

На средина од селото, на десетина метри од патот за селото Зашле, се наоѓа средновековна кула за која се претпоставува дека потекнува од 1530 година. Кулата е изградена во квадратна форма, со полукружен свод од јужната страна, мали прозорци со капаци и пушкарници. На катот има една просторија со огниште, околу кое се наоѓала покуќнина за живеење. Во 2014 година, таа била конзервирана од страна на битолскиот Завод и музеј при што била извршена санација на североисточниот темел, северниот и источниот ѕид, бил реконструиран натстрешникот, а била конзервирана влезната порта. Се верува дека кулата ја користел Јордан Пиперката за да ја набљудува околината, а таа е опеана и во народната песна, која вели: „Јордан седи на кулата, в раце држи дуљбијата“. Исто така, се верува дека за време на Илинденското востание, кулата била користена за одбрана на селото Брезово.[12]

Реки

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Брезовски културни средби — се одржуваат од 2002 година, на големиот празник Илинден. Во нивни рамки се одржуваат голем број културно-уметнички настани, изложби, научни симпозиуми, ликовна колонија и Фестивалот на хумор „Врба-фест“.

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Многу луѓе од Брезово заминале во потрага по подобар живот во поблиските градови во Македонија, како: Демир Хисар, Битола, Кичево, Прилеп, Скопје и други, а голем број отишле во странство: во Белград, Крагуевац, Ниш, Јабука, Качарево, Нови Сад, Нови Бечеј во Србија (Брезовци во Србија се познати како големи пекари), Словенија, Германија, Шведска, Австрија, Франција, САД, Австралија итн.[14]

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:

Родот Китевци (7 к.) се иселил во селото Слатински Чифлик, Дебарца.[9]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 13 јуни 2016. 
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 38. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 23 ноември 2016 г. 
  3. Живко А. Поповски, Брезово вчера, денес, утре, 2003
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 
  9. 9,0 9,1 . Архив МАНУ Фонд „Бранислав Русиќ“ АЕ 97/1а „Железник“ Брезово. 
  10. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  12. Жанета Здравковска, „Кулата на Јордан Пиперката во Брезово ќе стане музеј“, Дневник, година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 17.
  13. Летот на бумбарот од Брезово
  14. Живко А. Поповски, Брезово вчера, денес, утре, 2003.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]