Кочо Божинов Мијајлевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кочо Божинов Мијајлевски бил македонски револуционер во ВМОРО. Активен учесник во ослободувањето на Македонија.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Кочо Божинов Мијајлевски бил роден во 1880 година во селото Брезово во областа Железник.

Активен учесник во македонската револуционерна организација бил уште од 1898 година. Со Јордан Пиперката се запознал истата година, и соработувал со него. Учествувал во битките со османлиската војска кај селата Брезово и Ново Село.[1]

После смртта на војводата Јордан Пиперката продолжил со неговите другари да води битки против османлиската војска.[1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.