Прибилци
Прибилци | |
![]() Поглед на селото Прибилци од селските гробишта во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, сместена над селото | |
Координати 41°16′21″N 21°12′15″E / 41.27250° СГШ; 21.20417° ИГДКоординати: 41°16′21″N 21°12′15″E / 41.27250° СГШ; 21.20417° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Железник |
Население | 266[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Надм. вис. | 670 м |
Слава | Мала Богородица[2] |
Мреж. место | Прибилци |
![]() |
Прибилци — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Содржина
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од левата страна на патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 670 метри. Од градот Демир Хисар е оддалечено 4,5 километри.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 10,5 км², при што преовладуваат шумите со површина од 459 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 230, а на пасиштата 178 хектари.[3]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Прибилци се наоѓало во Демирхисарската нахија на Битолската каза во Отоманското Царство.
Ова село е познато и опеано во многу македонски народни песни поради големата бунтовност и македонско родољубие на неговото население. За неговото име се верува дека е добиено поради што во селото се прибирале македонски ајдути и комити од турските потери, меѓутоа селото е основано и пред османскиот период. За време на Илинденското востание близу селото се одиграла помала битка меѓу македонските комити и турскиот аскер (за време на почетокот на востанието), а турскиот аскер кога поминувал покрај селото одејќи кон Крушево не ги пронашло комитите кои се скриле во селото.
Населението било активно и за времето на НОБ, за што сведочи споменикот во селото.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[3]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Прибилци имало 450 жители, сите Арнаути муслимани,[4]. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прибилци имало 480 жители, Албанци муслимани.[5] Овие два извора се косат со сите други сознанија за местото.
Според Димитар Гаџанов во 1916 г. в Прибилци живееле 404 Турци,[6] што е веројатно поточно од горенаведените два извора, но нивниот број не може да бил толку висок, а камо ли мнозински.
Прибилци е населено со македонско население. Во 1961 година, селото имало 436, а во 1994 година бројот се намалил на 287 жители.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 266 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[7] | 1905[8] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450 | 480 | 481 | 482 | 436 | 427 | 362 | 270 | 287 | 266 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Гоце Делчев“ до V одделение[10], подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Прибилци, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Спадуево.
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки локалитети[11]
- Над Селото — црква и некропола од среден век;
- Самоникојца — топилница од доцноантичко време;
- Стара Раслојца — средновековна населба;
- Старо Село — населба и некропола од среден век.
- Цркви[12]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква;
- Споменици
- Споменик за НОБ
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 јули 2016.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар. Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2. http://eprints.ugd.edu.mk/18749/1/Никола%20В.%20Димитров%2CГЕОГРАФИЈА%20НА%20НАСЕЛБИ-Општина%20Демир%20Хисар.pdf.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 244. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 8 јануари 2017 г.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. конс. 26 јули 2016.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Прибилци на Ризницата ?
- Неофицијално мрежно место
|