Демир Хисар

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мургашево)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За градот во Егејска Македонија, погл. Валовишта.
Демир Хисар
Град
DemirHisar (1).jpg
Знаме на Демир Хисар
Знаме
Грб на Демир Хисар
Грб
Демир Хисар is located in Македонија
Демир Хисар
Демир Хисар
Местоположба на Демир Хисар во Македонија
Координати: 41°13′N 21°12′E / 41.217° СГШ; 21.200° ИГД / 41.217; 21.200Координати: 41°13′N 21°12′E / 41.217° СГШ; 21.200° ИГД / 41.217; 21.200
ДржаваРепублика Македонија
РегионПелагониски регион
ОпштинаОпштина Демир Хисар
Управа
 • ГрадоначалникМарјанче Стојановски (СДСМ)
Население (2002)
 • Вкупно2.593
Часовен појасUTC+1
 • Лете (DST)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 047
Рег. таб.DH
Мреж. местоwww.demirhisar.gov.mk

Демир Хисар (порано: с. Мургашево) — град во југозападна Македонија и административен центар на Општина Демир Хисар.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во ридско-планински регион, а мал дел по течението на Црна Река е низински. Посебен знак на одбележување на оваа област се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина, на која што се наоѓа и највисокиот врв Сталев Камен со висина од 2.000 м., кои што ја одделуваат Демирхисарската област од Преспанско-охридската област.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Поради богатството на овие планини со железна руда, и областа го добива името Железник или Железнец, кое се менувало во зависност од владателите во различни периоди. Оваа област се среќава и како Сидеро Кастрон, што од грчки значи Железна Тврдина, а Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Тврдина. Тоа е името што и денес го носи.

Историја[уреди | уреди извор]

Во почетокот на XVII век, во Битолско постои христијанското село Мургаш. Во судскиот регистар на битолскиот кадија од 1640 година се споменува, дека поради прекумерно зголемување на арачот и другите вообичаени немуслимански даноци, целото население на селото, освен еден, „неверникът Дую“, пребегало. Бидејќи долговите и даноците беа побарани од страна на Дуј, тој, исто така избегал, а властите се обиделе да го вратат со поедноставуање на некои давачки.[1]

Населбата почнува да се развива некаде од средината на декември 1945 година, кога во Демир Хисар е формирана општествено - политичка административна заедница - Околиски народен одбор, прво со седиште во с. Лопатица, а од пролетта 1946 година, по извршената територијална исправка, седиштето е пренесено во село Мургашево, со седиште во стариот Слепчански ан (на местото на денешната автобуска станица).

Денес, Демир Хисар е урбанизирана населба од градски тип која ги има сите услови на мало гратче. Изградена е електрична мрежа, водовод, одводна канализација, асфалтирани улици и поврзана е со современ коловоз со соседните градови Битола (28 км), Крушево (25 км), Кичево (51 км) и Прилеп (38 км).

Население[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, градот има 2.593 жители, со што претставува најмалиот град во Република Макеоднија. Следува табела на националната структура на населението: [2]

Брачна двојка од Демир Хисар, облечени во носија, снимени во ателјето на браќата Манаки, во Битола, 1916 година
Националност Вкупно
Македонци 2 473
Албанци 62
Турци 22
Роми 11
Власи 6
Срби 7
Бошњаци 2
Други 10

Следува табела на национална припадност на Демир Хисар во пописите 1948-2002:[3]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 543
1953 449 27 412 1 3 10 902
1961 1.047 39 24 5 14 1.129
1971 1.731 30 34 4 17 12 1.828
1981 2.154 75 19 17 1 14 12 2.283
1991 2.097 13 6 1 3 4 7 2.131
1994 2.336 9 4 2 1 95 2.447
2002 2.473 62 22 11 6 7 2 10 2.593

Демир Хисар како урбана населба, од своето формирање постојано бележи пораст на населението. Така спрема пописот во 1961 г. населбата броела 1129 жители, а во 1981 година имало 2283. Тоа докажува дека луѓето од селските населби нагло ги напуштале своите домови и се населувале во Демир Хисар.

Џамија во Мургашево од османлискиот период

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петров, Петър, съставител (1987). По следите на насилието. Документи и материали за налагане на исляма, част I. София: Наука и изкуство. стр. 38. 
  2. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]