Тодор Станков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тодор Станков
Todor Stankov IMARO.jpg
македонски револуционер
Роден 28 јануари 1875
Прилеп, Македонија
Починал 22 септември 1938(1938-09-22) (воз. 63 г.)
Софија, Бугарија

Тодор Станков е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е 1875 година во град Прилеп, тогаш во Отоманската империја. Завршил при Солунската гимназија во 1893 година. Учителствал во Прилеп, каде што влегува во Организацијата и станува член на локалниот околиски револуционерен комитет. Подоцна е учител во Штип во учебната 1895/96 година, препорачан од Даме Груев, да го заземе неговото место во комитетот, подоцна учителствува во Радовиш, каде што го предводи околискиот револуционерен комитет во овој град. Учителствал и во Крушево, а од април 1898 година е нелегален војвода на чета во Радовишко.

Во меѓувреме, во неговата чета се приклучиле Васил Липовиклијата - Јурукот и Георги Турчето. На 12 јуни ги завршил со поставените задачи и се засолнил во Конечкиот манастир, каде што е предаден на турските власти. Иако бол подложен на тешки измачувања не предал тајни на Орагнизацијата [1].

По апсењето е осуден на 6 години затвор, но е ослободен по грешка и побегнал во Бугарија. Од 1900 до 1901 година е пунктовен началник премини на Организацијата во Ќустендил. Учествува во Илинденското востание со четата на Лазар Маџаров, која дејствува во Лозенградско.

Учествува во Балканската војна како доброволец во Деветата велешка дружина при Македонско-одринското ополчение. Награден е со народен орден со круна VI степен [2]. За време на Првата светска војна е градоначалник на градот Штип.

Починал 1938 година во Софија.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Петров, Тодор. Нелегалната армия на ВМОРО в Македония и Одринско (1899-1908), Военно издателство, София, 2002 г., стр.22.
  2. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 640.