Јордан Спасов
| Јордан Спасов | ||
| Роден | 1875
Кнежје, Косовски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 25 јули 1908
Кратовско, Косовски Вилает, Османлиско Царство | |
Јордан Спасов — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Спасов е роден во 1875 година во овчеполското село Кнежје, тогаш во Османлиското Царство. Останал без образование и станал четник во ајдутската чета на дедо Димо. Со неа во 1895 година, тој учествува во Мелничкото востание на Македонскиот комитет. При разбивањето на четата, тој бил заробен и затворен.
Бил амнестиран и повторно започнал со револуционерна дејност и во 1900 година, тој станал четник во четата на Мирче Ацев - Оровчанецот. Подоцна долги години, тој бил војвода на ВМОРО во Кратовската околија која ја обиколувал со чета од 15 души [1].
Бил суден од војводски суд и убиен во првите денови на Хуриетот поради обвинение и наложување од страна на Тодор Александров.[2]
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“
- ↑ Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 202.