Димче Берберчето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Dime Stoyanov Berbercheto IMARO.JPG
Роден 1875
Велес, Македонија
Починал 1910
Рилски манастир, Бугарија

Диме или Димче Стојанов, познат како Берберчето, бил македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Димче Берберчето во комитска носија

Димче Берберчето е роден во 1875 година во градот Велес и уште како мал останува сирак [1]. По професија е бербер, занает кој што го изучува кај својот брат во Скопје [1]. Таму се запознава со револуционерните движења и влегува во ВМОРО, првично како терорист. Во 1900 година го убива агентот на српската пропаганда Тонче Султанчев и станува нелегален четник при Гоце Делчев во Штипско. Во 1901 година е осуден, во отсуство, на смрт од страна на властите. Од летото 1902 година дејствува во кратовско како самостоен војвода. Зема учество во Илинденското востание во 1903 година. По востанието, учествува во неколку битки, а во една од нив загинува неговиот брат Андреј [1]. Во борба против османлиските власти загинуваат и другите двајца негови браќа [1]. Умира од туберкулоза во Рилскиот манастир во 1910 година [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ал. Кипров, Диме Стојанов - Берберчето, Илустрација Илинден, година 3, книга 2 (22), јануари 1930, стр. 13.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 159.