Прејди на содржината

Рилски манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Рилскиот манастир)
Рилски манастир
светско наследство на УНЕСКО
КритериумCultural: vi
Навод216
Запис1983 (7th заседание)

Рилскиот манастир се наоѓа во југозападниот дел на Република Бугарија во планината Рила. Бил основан во текот на 10 век од страна на Св. Јован Рилски. Уништен од пожар во почетокот на 19 век, комплексот бил повторно изграден помеѓу 1834 и 1862 година.

Рилскиот манастир од 10 век сè до 1557 г. е во диецезата на Охридската архиепископија. Од 1557 до 1767 година е под јурисдикција на Пеќската патријаршија, од 1767 до 1870 година под управата на Цариградската вселенска патријаршија, дури од 1870 година е под Бугарската егзархија (од 1953 БПЦ).

Овој манастир е еден од културните споменици на Бугарија и е вклучен во списокот на УНЕСКО од 1983 година. Како национален музеј на Бугарија бил прогласен во 1961 година. Манастирот е прикажан на бугарската банкнота од 1 лев.[1]

Библиографиja

[уреди | уреди извор]
  • Emil Ivanov: Das Bildprogramm des Narthex im Rila-Kloster in Bulgarien unter besonderer Berücksichtigung der Wasserweihezyklen, Diss., Erlangen, 2002.
  • Emil Ivanov: Rila-Kloster, Artikel: RGG4, Bd. 7, 2007, Sp. 520.
  1. Bulgarian National Bank. Notes and Coins in Circulation: 1 lev. – Посетено на 26 March 2009.