Кочо Песнаџиев
Изглед
| Кочо Песнаџиев | ||
| Роден | непознато Битола, Македонија | |
|---|---|---|
| Починал | 21 мај 1903
Могила, Битолско, Македонија | |
Кочо Песнаџиев — македонски револуционер, четник и терорист на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Кочо Песнаџиев е роден во град Битола, тогаш во Отоманското Царство. Влегува во терористичка група на ВМОРО со Иван Кафеџијата, Миалече Лисолаец, Михаил Димев и Начо Џивџанов. По откритијата на Јосифовата афера е уапсен, но е амнестира во февруари 1903 година. Георги Поп Христов се сеќава на него:
- ... еден многу храбар и решителен млад човек, кој беше целиот посветен на делото. Тој беше заедно со мене во затвор и по амнестијата тој беше првиот кој нарами пушка и стана четник. Умре си мирно, бидејќи си исплати на полицаецот Саид Ефенди.
Влегува во четата на Парашкев Цветков, која е опколена од турски аскер на 21 мај 1903 година во Могила. Тогаш Кочо Песнаџиев загинува [1].