Димитар Лазаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Лазаров
Роден 16 јуни 1873
Банско, Македонија
Починал 16 март 1952
Софија, Бугарија

Димитар Лазаров Тодев, познат како Минѓо или Минџо Тодев, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тодев е роден во 1873 година во Разлошкото село Банско, кое тогаш во Османлиското Царство и потекнува од големиот бански род Тодеви. Завршува V класа во машката гимназија во Солун и една година подоцна станува учител во своето родно село. Подоцна се занимава со трговија со дрво. Влегува во ВМОРО и од 1896 до 1903 година раководи со Разлошкиот околиски револуционерен комитет [1]. Учествува во аферата "Мис Стоун". Во летото 1903 година е делегат од Џумајскиот регион на конгресот на Серскиот револуционерен округ. За време на Илинденското востание во летото 1903 година заедно со Костадин Молеров и Антон Шипков е во горскиот штабот кој ги раководи воените дејствија во Разлошко. Учествува во Првата балканска војна во 1912 година како доброволец во Македонско-одринското ополчение и се бори во чета при 3-та Солунска дружина. Носител е на крст "За храброст" IV степен.

Димитар Тодев умира на 16 март 1952 година во Софија.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет