Костадин Молеров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Костадин Молеров
BASA-1932K-1-438-10.JPG
Роден 8 ноември 1876
Банско, Отоманско Царство
Починал 24 октомври 1957
Банско, Бугарија
Националност Македонец
Занимање револуционер
фолклорист

Костадин Молеров (роден на 8 ноември 1876 година во Банско - починал на 24 октомври 1957 година во Банско) — македонски фолклорист, собирач на македонско народно творештво и револуционер.[1] Како деец на Македонската револуционерна организација учествувал во аферата Мис Стон, го организирал пренесувањето на оружјето за Серскиот револуционерен округ и учествувал во Илинденското востание. Автор е на некои песни од стихозбирката „Жална ми бабо, послушај“, објавена со брат му Димитар. Со него развиле богата собирачка дејност и заедно ја објавувиле „Народописни материјали од Разлошко“.

Семејство Молерови

Животопис[уреди | уреди извор]

Костадин Георгиев Молеров е роден на 18 ноември 1876 година во Банско, Пиринска Македонија, во познато семејство Молерови. Син е на Георги Молеров и внук на Симеон Димитров Молеров, познати живописци од големиот род на Молерови. Костадин се школувал во Серез и во Солунската гимназија[2] , која ја завршил во 1896 година. Истата година станал и член на Македонската револуционерна организација и директно се вклучил во борбите за слободна Македонија.

По завршувањето на гимназијата, учителствувал во Лом и во Банско. Во учебната 1897/1898 година, тој учителствувал во родното место, каде развил револуционерна дејност. Особено овие активности се зголемиле по формирањето на Револуционерниот комитет во Банско, во 1897 година. Костадин Молеров како секретар на Револуционерниот комитет го организирал пренесувањето на оружјето за Серскиот револуционерен округ. Во 1889 година бил уапсен од турските власти и затворен во Куршумли ан во Скопје. По ослободувањето во 1900 година, Костадин се вратил во Банско, каде повторно застанал на чело на револуционерниот комитет и ја продолжил својата револуционерна активност. Во текот на 1901 година учествувал во аферата „Мис Стон“[3], а во 1902 година, прогонет од властите се префрлил во Бугарија, каде го предводил пунктот на Македонската револуционерна организација во Лаџане (денешен Велинград).

Во текот на Илинденското востание од 1903 година, Костадин Молеров предводил чета во Разлошко. Тој бил член на Разлошкото реонско раководство заедно со Димитар Лазаров и Антон Шипков. По задушувањето на востанието, Костадин повторно се префрлил во Бугарија, каде ја започнал својата литературна дејност[4]. Познат е уште како Кочо Молеров или Суодолски[5].

Под псевдонимот К. Суодолски му помогнал на братот Димитар Молеров во уредувањето на литературно списание „Ајдучка ливада[6], кое периодично излегувало во текот 1903 година во Софија. Во него се објавуваале раскази и поеми од животот на македонските револуционери, како и сторијата „По грабнувањето на Мис Стон“ од Димитар Молеров. Во текот на 1904 година Костадин Молеров се вратил на чело на четата, но потоа се повлекол од револуционерната дејност и заминал на студии во Швајцарија. Во 1908 година завршил социологија во Лозана, по што се вратил во Бугарија и предавал во Враца, Дупница и Сливен.

Во 1912 година Костадин учествувал во Првата балканска војна како војвода на партизанска чета на Македонско-одринското ополчение. Учествувал во ослободувањето на Разлог, а по Првата Светска Војна се вратил во Банско каде работел како директор на месното училиште. Мошне значаен историски и литературен документ, претставува „Ајдучкиот дневник“ на Кочо Молеров. Во него, покрај настаните, тој ги опишувал страдањата, несреќата, самотијата, стравовите и надежта на учесниците во борбата за слобода на Македонија.

Во 1933 година Кочо Молеров публикувал материјали за родното село во списанието за наука, литература и општествен живот „Македонски преглед“ кој го издавал Македонскиот научен институт во Софија. Во 1954 година двајцата браќа го издале зборник „Народописни материјали од Разлошко[7] во кој е дадена историјата на Банско, опис на Разлошкиот говор и биографии на одредени личности. Меѓутоа, во творештвото на двјцата браќа, во преден план од секогаш била татковината и борбата за нејзино ослободување.

Костадин (Кочо) Молеров починал на 24 октомври 1957 година во Софија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Молеров“. Македонска енциклопедија , книга II (М-Ш): стр. 982. (2009). Скопје: МАНУ.
  2. Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 113.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 109.
  4. Богданов, Иван. Речник нс българските псевдоними, Наука и изкуство, София, 1978, стр. 533.
  5. Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.48
  6. Български периодичен печат 1844 - 1944. Анотиран библиографски указател, том 2, Български библиографски институт „Елин Пелин“, Наука и изкуство, София, 1966, стр. 469.
  7. Молеров, Д и К. Молеров. Народописни материали от Разложко, в: Сборник народни умотворения и народопис, 48, 1954.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]