Димитар Молеров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Димитар Молеров
Kocho Molerov Dimitar Molerov Lazar Tomov.JPG
Роден 24 мај 1874
Банско, Отоманско Царство
Починал 4 октомври 1961
Софија, Бугарија
Националност Македонец
Занимање поет
фолклорист
публицист
филолог

Димитар Молеров (роден на 24 мај 1874 година во Банско - починал на 4 октомври 1961 година во Софија) — македонски поет, драматург, фолклорист, филолог, публицист и револуционер, деец на Македонската револуционерна органзација. Тој бил член на Битолскиот окружен револуционерен комитет и одговорен за прилепското подрачје и член на штабот на востаниците. Подоцна во неговиот дом во Софија, членовите на Македонскиот литературен кружок биле чести посетители. Заедно со неговиот брат развиле активности за собирање и заеднички ја објавиле „Етнографски материјали од Разлошко“.[1]

Семејство Молерови

Животопис[уреди | уреди извор]

Димитар Молеров е роден во 1874 година во селото Банско, Пиринска Македонија. Тој е брат на фолклористот и револуционер Костадин Молеров и син на Георги Молеров и внукот на Симеон Димитров Молеров, живописци на големото семејство Молерови. По завршувањето на основното училиште, тој продолжил во средно училиште во Солун.

Во 1898 година Димитар Молеров ја завршил Солунската машка гимназија[2], а потоа дипломирал во 1903 година (или во 1902 година) и словенска филологија на Универзитетот во Софија. Како добар студент и фолклорист, добил понуда да специјализира во Виена, но останал и предавал во неколку градови во Македонија и Бугарија. Работел како учител во Силистра (1903 - 1904), Битола (1905 - 1906), Сливен (1906 - 1911), Трново (1911 - 1915), Банско (1915 - 1924), Разлог (1924 - 1932).

Под псевдонимите Викенти, Д. Конаревски[3], Пиновски и Хераклит, Димитар Молеров развил книжевна дејност[4]. Заедно со својот брат Костадин Молеров, тој собирал народни песни, гатанки, поговорки, приказни и други фолклорни материјали, кои ги обработувале, класифицирале и споредувале. Во 1896 година тој ја објавил „Стојна Пострумска“, поема за македонскиот живот, а во периодот 1893 - 1896 година објавил написи за говорот на Разлог во весникот „Вести“.

Димитар Молеров уште како гимназијалец се приклучил на Македонската револуционерна организација и во 1898 година бил член на градскиот револуционерен комитет во Горна Џумаја, а во 1905 - 1906 година - на окружниот револуционерен комитет. За време на Илинденското востание во 1903 година бил член на Битолскиот окружен револуционерен комитет[5] и одговорен за прилепското подрачје и член на штабот на востаниците. Во 1903 година Димитар Молеров бил главен уредник на списанието „Ајдучка полјана“, а потоа кратко време бил уредник на весникот „Македонија[6][7].

Во 1905 година тој ја објавил книгата за разлошкиот говор, а во 1909 година - „Придонес кон книжевниот речник“. Покрај тоа, Молеров е автор на идилата „Тенка и Китан“, објавена во 1907 година (трето ревидирано издание од 1926 година), оперската идила „Невестата на змејот“ од 1923 година и драмите „Јуда Искариотски“ од 1923 година и „Ајдучка полјана“ од 1926 година[8]. Исто така тој е автор на драмите („Новото учене“, „Новиот даскал“), стихозбирката „Жална ми бабо, послушај“ (некои од песните се на помладиот брат Костадин), како и на повеќе статии од областа на историјата, литературата и филозофијата.

Во 1954 година, заедно со неговиот брат, го објавиле зборникот „Етнографски материјали од Разлошко[9], во кој има материјали за историјата за Банско, опис на разлошкиот говор и биографии на познати личности од Банско.

Димитар Молеров почќинал на 4 октомври 1961 година во Софија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). "Молеров". Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. стр. 982. 
  2. Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 95.
  3. Богданов, Иван. Речник нс българските псевдоними, Наука и изкуство, София, 1978, стр. 533.
  4. Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893 – 1934, Звезди, 1999, стр.23, 31, 78, 100
  5. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 109.
  6. Предлошка:Източник БПП
  7. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 143.
  8. Молеровъ, Д. Г (1926). Хайдушка поляна (5 действия и 1 картина съ илюстрация). София: Печатница „Политика“.
  9. Молеров, Д и К. Молеров. Народописни материали от Разложко, в: Сборник народни умотворения и народопис, 48, 1954.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]