Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Солунската машка гимназија во 1900 година.

Солунска егзархиска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ или Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ (буг. Солунска българска мъжка гимназия „Св. Кирил и Методий“), општопозната во Македонија едноставно како Солунската гимназија — еден од најголемите и највлијателните образовни центри отворени од Бугарската егзархиска пропаганда во Македонија и се почитува во Македонија како место каде се создава јадрото на македонското револуционерно движење.

Основање и дејност до 1913[уреди | уреди извор]

Документ од 1884 година

Основана е во 1880 година во Солун од страна на преродбеникот Кузман Шапкарев каде и опстојува под името Солунска българска мъжка гимназия "св. Кирилъ и Методий" до 1913 година.

Меѓу иницијаторите, директорите и учителите во гимназијата се издвојуваат низа големи интелектуалци, научници и јавни личности; покрај основачот Кузман Шапкарев, тука своевремено работеле и предавале и Васил Канчов, Григор Прличев и Константин Величков. Меѓу учениците и дипломците на оваа гимназија особено се издвојуваат Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров, Андреј Љапчев, Иван Михајлов, Антон Кецкаров и голем број на други видни личности од македонската и бугарската историја.

Учителите во гимназијата биле Македонци, Бугари, Турци, Руси и Французи, а меѓу другите предмети се изучувале латински, старогрчки, турски и француски јазик.

Ученички бунтови[уреди | уреди извор]

Солунската гимназија, и покрај егзархискиот језуитски режим, била расадник на револуционерни идеи. Во гимназијата циркулирала забранета литература, се ковале планови и се дигале ученички бунтови.

Во гимназијата често избувнувале конфликти за тоа да се зголеми бројот на професори со потекло од Македонија, а да се намали бројот на оние што се носат од територијата на кнежевството Бугарија. Бугарската Егзархија која ја спроведувала политиката на Стефан Стамболов за еволутивно решавање на македонското прашање, била против зголемување на бројот на учители од Македонија, заради стравот дека Македонците учители ќе ги револуционеризираат учениците, и со тоа ќе бидат нарушени добрите односи меѓу кнежеството Бугарија и Османлиска Турција.[се бара извор]

Веднаш по нејзиното создавање, веќе во учебната 1882/1883 година, дошло до бранување. При училишниот бунт во учебната 1883/1884 година биле исклучени од гимназијата Ѓорче Петров и Пере Тошев, кои биле меѓу првите ученици на оваа гимназија. Во учебната 1887/1888 година дошло до нов бунт, поради кој биле исклучена поголема група на ученици. Меѓу причините за бунтот било и барањето на учениците: дека не можат да работат на бугарски јазик, туку сакале да работат и да им се предава на нивниот домашен, македонски дијалект. Меѓу учениците кои заминале во Белград, за да го продолжат образованието, биле: Даме Груев, Петар Поп Арсов, Никола Наумов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев итн.

Во своето дело „Во Македонија под ропство“ Павел Шатев пишува дека во основата на ученичките бунтови бил спорот како да се извршува ослободувањето на Македонија.[1] Екзархиската страна верувала дека ова требе да се извршува со легална борба, просвета, цркви и училишта, а другата страна - со револуционен метод на дејствие.[2]

По 1913[уреди | уреди извор]

По крајот на Втората балканска војна, грчките власти го протеруваат целиот наставнички колектив на гимназијата во Бугарија. Задно со себе тие успеваат да земат голем дел од материјалот и регистарски материјали. Преместувана е неколку пати во Струмица, Штип и Петрич.

Од 1920 до денес се наоѓа во Благоевград (Горна Џумаја), Пиринска Македонија и го носи името Национална хуманитарна гимназија „Свети Кирил и Методиј“ (Национална хуманитарна гимназия „Свети Свети Кирил и Методий“).

Директори и учители во Солунската машка гимназија[уреди | уреди извор]

Учители во гимназијата во 1890 година.

Директори[уреди | уреди извор]

Учители[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Шатев, П., В Македония под робство, София, 1983, трето издание, с. 35
  2. Шатев, П., В Македония под робство, София, 1983, трето издание, с. 36
  3. Николов, Стоян. „Съдбата на българите в Солун преди и по време на Балканските войни (1912 - 1913 г.)“. Списание „Македонски преглед“, кн. 2, София, 2008, стр. 70.