Александар Радославов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Alexandar Radoslavov.JPG
Роден 20 јули 1878
Велико Трново, Бугарија
Починал 28 февруари 1951
Софија, Бугарија


Александар Иванов Радославов бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Александар Радославов е роден на 20 јули 1878 година во градот Трново. Завршува гимназија во родниот град, каде постојано е исклучен поради организирање на социјалистички кружоци. Од 1899 година учи природни науки на Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски".

Во 1903 година ги прекинал студиите и се вклучува во работата на ВМОРО во Серскиот револуционерен округ. Станува секретар на четата на Јане Сандански. Во летото 1903 година е делегат на конгресот на Серскиот округ во Пирин и е избран член на горското началство заедно со Димитар Стефанов и Симеон Молеров.

По Илинденското востание, Александар Радославов се прибира во Бугарија, ги завршува студиите во 1904 година и од 1905 година учителствува во Втората женска гимназија во Софија. До 1908 година учествува во работата на ВМОРО, како останува приврзаник на Сандански.

Специјализира фитопатологија и микологија во Берлин. Ја критикува образовната политика на владата и во 1914 година е преместен во Цариброд. Од 1918 година е главен инспектор за природна наука и хемија, а подоцна работи како главен секретар во Министерството за народна просвета. Се занимавал со научна дејност. Учествува во основањето на Бугарското ботанички друштво и Бугарското природноистражувачко друштво. Автор е на 217 статии во областа на природните науки и на 8 трудот на паразитски печурки во Бугарија. Од 1914 до 1948 година учествува во уредувањето на списанието "Природа", во 1930 - 1943 - на списанието "Природа и наука".

Александар Радославов умира на 28 февруари 1951 година во Софија [1][2][3][4].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия България, том 5, Издателство на БАН, София, 1986, стр. 660.
  2. Биографични данни от библиотека на ВМРО-София
  3. „Алманах на българските национални движения след 1878 г.“, София, 2005.
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 142-143.