Љубомир Весов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Lyubomir Vesov.jpg
Роден 30 август 1892
Крушево, Македонија
Починал 5 ноември 1922
Острилци, Крушевско, Македонија

Љубомир Весов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Љубомир Весов во четничка униформа.
Споменик "Паднати за слободата на Македонија" во Ќустендил со името на Весов (36-ти во првата колона).

Роден е во 1892 година во градот Велес. Татко му Илија Весов, кој е активен деец на егзархиската општина во градот, умира рано. Љубомир Весов завршува средно образование во Софија. Уште како ученик се вклучува во редовите на ВМОРО и неколку години е четник во Македонија. Во Првата балканска војна е доброволец во Македонско-одринското ополчение во четата на Иван Попов, Христо Силјанов и зборната партизанска чета на МОО. Награден е со сребрен медал [1]. Се однесувал благородно кон локалното турско население [2].

На 20 март 1915 година Љубомир Весов учествува во Валандовската акција. Заедно со војводите Ване Стојанов, Петар Овчаров, Петар Чаулев и Панајот Карамфилович и со вкупно 1000 четници ги напаѓаат српските сили кај Валандово, Пирава и Удово. Убиени се 470 српски војници и 7 офицери, а Валандово е заземено, по што четите се повлекуваат кон Бугарија.

По вклучувањето на Бугарија во Првата светска војна е бил командант на чета во бугарската армија, а по истерувањето на српските сили од Македонија е командант на градот Крушево.

По завршувањето на војната завршува високото образование - право на Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски" и се одава на револуционерна дејност. Во март 1920 година Весов е еден од основачите и лидерите на Македонското студентско друштво "Вардар".

На 5 ноември 1922 година, опкружен од српска полиција во село Острилци, Крушовско, се самоубива. Погребан е во Крушево. Смртта на Љубомир Весов одекнува сред ВМРО и македонските бегалци во Бугарија како голем удар врз национално-ослободителното движење.

Во 1928 година во Петрич постои фудбалски тим нсо името на Љубомир Весов.

Творештво[уреди | уреди извор]

Од 1913 година Љубомир Весов почнува да објавува свои песни - љубовни, пејсажи и патриотски. Во меѓувреме, прави и преводи на бројни руски поети. Во 1923 година творбите му се собрани и посмртно е издадена стихозбирката "Песни".

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 127.
  2. Силянов, Христо. От Витоша до Грамос. Походът на една чета през Освободителната война - 1912 г., София 1984, с. 542