Петар Јуруков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Petyr jurukov s.jpg
Роден 19 декември, 1882
Карлово, Источна Румелија
Починал 18 јануари 1906
Прилеп, Македонија

Петар Христов Јуруков — бугарски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Војводата во четничка униформа

Роден е 1882 година во Карлово, тогаш во Источна Румелија. До 4-ти клас учел во Карлово, а 5-тиот клас го завршил во Пловдив во 1898 година. Својот револуционерен пат го започнал во Самоков , како член на младинскиот револуционерен кружок Трајко Китанчев.

Петар Јуруков со неполни 19 години заминал со една чета предводена од Михаил Апостолов- Попето и Аргир Манасиев и се упстиле во Тиквешијата, со цел да киднапираат еден рударски инжинер, Англичанец. Потоа се префрлиле во Кукуш, заменувајќи го Христо Чернопеев.

Во пролетта 1902 година на предлог на Гоце Делчев Петар Јуруков заминува пак во Тиквешијата со цел да раководи со тиквешката околиска чета.

Непосредно пред востанието Петар Јуруков располагал со околу 300 пушки. При крајот на јули неговата четата имала 80 души од кои биле формирани три одделенија и биле изведени повеќе диверзантски акции. Поради тие дејства се зголемила раздвиженоста и репресивноста кај турската војска, па војводата Јуруков ги распуштил мобилизираните селани, а оставил 40 востаници.

Од овие се формирале две чети. Четите биле принудени да се префрлат во Прилепско. Во средината на август војводата Јуруков се вратил во Тиквешијата.

На 16 август востаниците биле ненадејно нападнати и започнала жестока битка кај с. Шешково. Во таа борба загинале 15 четници и 17 турски војници.

Во 1905 година, по заповед на Македонската револуционерна организација, го презел раководењето со разбиениот Крушевски реон. Умрел од тешка рана во Крушево, во 1905 година.

Во негова чест во Прилеп е поставен споменик, коj што е урнат после 1944 година.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Спомени на Петар Јуруков.
  2. Въстаническият щаб на "Кожух" - вестник Българска армия

Галерија[уреди | уреди извор]