Рампо Пешков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рампо Пешков
RampoPeshkov.JPG
Роден 1877
Прилеп, Македонија
Починал Битола, Македонија

Харалампи или Рампо Спиров Пешков бил македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Рампи Пешков е роден во 1877 година во Прилеп, тогаш во Отоманската империја. Пoтекнува од богато трговско семејство, татко му Спиро Пешков е долгогодишен член на локалната црковно-училишна општина. Има два поголеми браќа Георги Пешков и Никола Пешков, кои исто така се дејци на ВМОРО [1].

Рампи Пешков се приклучува на ВМОРО веднаш по создавањето во 1894 година. Истовремено се занимавал со трговија и револуционерна дејност. Како терорист ја извршил во 1897 година смртната пресуда врз шпиунот Ташко Филипов. Во 1899 година изнудил пари за потребите на ВМОРО од Георги Богданов, по што е уапсен и лежи на кратко време во затвор. Во 1901 година влегува во четата на Марко Лерински. Подоцна е повторно уапсен од турската власт и осуден на 3 години строг затвор во Битола, каде и умира. Потоа е погребан од своите родители во Прилеп [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Албум-алманах „Македония“, София, 1931, стр.781
  2. „Македонска зора“, бр.3, стр.7-9.