Прејди на содржината

Климент Шапкарев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Климент Шапкарев
Роден 30 јануари 1875
Охрид, Битолски Вилает, Османлиска Империја
Починал 12 септември 1949(1949-09-12) (возр. 74)
Битола, НР Македонија, ФНРЈ

Климент Шапкаревмакедонски револуционер, учесник во македонското и одринското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Климент Шапкарев бил роден во 1875 година во Охрид. Тој е син на истакнатиот етнограф и фолклорист Кузман Шапкарев. Учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и се зачленува во тајниот револуционерен кружок, заедно со Гоце Делчев и Петар Васков.

По завршувањето на гимназијата во 1892 година изучува биологија и хемија при Софискиот универзитет. Во 1897 година е делегат од Самоковското друштво на четвртиот македонски конгрес. Завршил во 1898 година и станал учител во Самоков, а истовремено ја извршува должноста пунктовен началник на Македонската револуционерна организација, организира пренос на луѓе и оружје преку границата во Османлиското Царство.

Во 1904-1905 година, тој бил учител во Одринската бугарска (егзархиска) гимназија "Д-р Петар Берон" и секретар на Одринскиот окружен комитет. Тој бил делегат на Рилскиот и Ќустендилскиот конгрес.

Пред почетокот на Првата балканска војна и заминува од Одрин за Бугарија каде се запишува како волонтер во 52-от пешадиски полк на бугарската армија, со кој се бори кај Одрин. За пројавената храброст е награден со крст. Во Втората балканска војна е во штабот на Македонско-одринското ополчение. За време на Првата светска војна е во Велес како член на цензурата комисија. По завршувањето на војната, предава 20 години во земјоделското училиште во Садово.

Во пролетта 1941 година се преселил во Битола, каде што исто така, предавал во земјоделското училиште. Таму умрел во 1949 година.

Климент Шапкарев е автор на брошурата „Спомени и мисли за Гоце Делчев“ [1].

Сопруга на Климент Шапкарев е Амалија Примџанова, која заедно со Славка Чакарова-Пушкарова од Струга, Љуба Кљапева од Велес и Јанка Каневчева од Охрид е член на револуционерна женска група. Неговиот син е бугарскиот економист и претседател на Македонскиот научен институт Петар Шапкарев [2].

Книги од Климент Шапкарев

[уреди | уреди извор]
  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 190.
  2. Енциклопедия „България“, том 7, София, Издателство на БАН, 1996, стр. 495.