Прејди на содржината

Садово

Координати: 42°07′49″N 24°56′19″E / 42.13038° СГШ; 24.93851° ИГД / 42.13038; 24.93851
Од Википедија — слободната енциклопедија
Садово
Садово
град
Железничката станица во Садово
Железничката станица во Садово
Садово is located in Бугарија
Садово
Садово
Местоположба на Садово во Бугарија
Координати: 42°07′49″N 24°56′19″E / 42.13038° СГШ; 24.93851° ИГД / 42.13038; 24.93851
ЗемјаБугарија
ОбластПловдив
ОпштинаСадово
Управа
 • ГрадоначалникДимитар Здравков (БСП)
Површина
 • Вкупна15,48 км2 (5,98 ми2)
Надм. вис.&10000000000000156000000156 м
Население (2022)
 • Вкупно2,494
 • Густина160/км2 (420/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код4122
Повик. бр.+359 03118
Мреж. местоsadovo.bg

Са̀дово (бугарски: Садово) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Садово во Пловдивската Област. Има население од околу 2.494 жители (2022).[1]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во близина на реката Марица, 18 километри источно од регионалниот центар Пловдив и на 169 километри од главниот град Софија.

Во 1916 година во метеоролошката станица Садово била измерена апсолутната максимална температура на воздухот во Бугарија (+45,2 C°).[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Населбата била основана помеѓу 1365-1390 година од турски доселеници во Тракија — во времето кога отоманските султани, како Мурат I и Бајазит I, ја освојувале Бугарија. Таа на почетокот било турско и муслиманско село, населено само со турски муслимани. Најраниот документ за нејзиното постоење е пронајдено во отомански регистар од 1472 година, каде што е опишана под името Чешнегир во Филибе (Пловдив), и каде што е забележано дека сите селани биле турски муслимани.[3]

Во текот на 17 век започнала христијанизацијата на селото, кога во краткиот даночен регистар за Пловдивско од 1622 година има докази дека во тогашно Садово веќе имало 9 христијански домаќинства. Сепак, до крајот на 17 век, селото останува претежно муслиманско, иако голем пораст на бугарскиот христијански елемент може да се види од други документи. Во друг даночен регистар за Пловдивско од 1695 година под името Чашнагир, во населбата живееле 33 семејства, од кои 18 биле муслимани, а другите 15 христијани.[4]

Во 1883 година селото Чешнегир било преименувано на Садово без административен акт. Со Указ бр.1942/обн. на 17 септември 1974 година Садово добило статус на град.

Институт за растителни генетски ресурси

[уреди | уреди извор]

Институтот за растителни генетски ресурси „Константин Малков“ бил основан во 1902 година во Садово. Овде се наоѓа Националната банка за гени на семиња, во која се чуваат над 60.000 примероци на домашни и воведени растенија. Институтот е дел од Меѓународниот систем за генетски ресурси.

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. „Bulgaria Second National Communication“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 25 July 2010. Посетено на 20 August 2010.
  3. НБКМ-Сф,ОО - ОАК 94/73,л.50а - справка на сътрудника към Османския отдел към софийската Народна библиотека - д-р Стоян Шиваров.
  4. Istanbul - BOA, MAD 3604,s.114-136 - там са описани селищата од нахията Конуш, сред които е и Садово - личен архив на Любомир Василев од село Кочево, Пловдивско.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]